Filters
Пребарување
ИНТЕР ББ ДОО

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ИНТЕР ББ е ена од водечките македонски компании во доменот на сито печат, графички дизајн и сите други услуги во областа на печатењето.

Располагаме со стручен тим и најсовремена опрема и зад нас имаме успешно реализирано голем број проекти за домашни и странски компании, странски мисии...

Подетално за компанијата

ИНТЕР ББ доо Скопје, формирана во далечната 2001 година, е компанија со долгогодишно искуство, примарно, во сито-печатењето (screen-printing), но исто така и во графичкиот дизајн и сите други услуги од областа на печатењето. Со успешно менаџирање на своите капацитети, постојано ја унапредуваме и подобруваме опремата, тимот и квалитетот на производите и услугите и денес сме компанија со најсовремена опрема за сито печат во околината.

Токму оваа опрема обезбеди ИНТЕР ББ успешно да се пробие на пазарот и да се позиционира како еден од водечките субјекти во својот сектор. Во годините зад нас работевме и успешно реализиравме голем број проекти за големи домашни и странски компании, спортски организации и настани, странски мисии...

inter-bb-print-clubeconomy
inter-bb-print-clubeconomy

Имаме големо искуство во печатење на спортска опрема, печатење на ХТЗ опрема за заштита при работа... Со прецизност и иновација ја спојуваме уметноста со технологијата и ги поместуваме границите во печатењето. Нашата мисија е да испорачаме висококвалитетни, живописни отпечатоци кои ја оживуваат креативноста, без разлика дали станува збор за брендови, уметници или компании. Тука сме да го направиме секој принт креативен и квалитетен.

Како општествено одговорна компанија ИНТЕР ББ се имаме приклучено на голем број доборотворни проекти (директно или индиректно), се со цел заедницата и опкружувањето да ја добие назад поддршката која постојано несебечно ни ја пружа нас, а при тоа да се подобри квалитетот на животот на сите чинители во заедницата.

Меѓутоа, ние не застануваме тука. Нашата долгорочна цел е бизнисот да го унапредуваме и да ги освојуваме деловите кои на нашите простори се уште не се доволно развиени, како што е: е-трговија со custom made printing. Со развој на овие активности очекуваме пристапот до потенцијалните клиенти многукратно да се зголеми.

inter-bb-print-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Петре Георгиев бр. 117, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)75/482 405

Социјални медиуми

Лице за контакт

Силвана Боева


Мапа