Filters
Пребарување
ИНЕН-ДЕКОР ТРЕЈД дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ИНЕН-ДЕКОР ТРЕЈД се занимава со производство на градежна столарија од разни видови масивно дрво, медијапан и други материјали

Изработката на прозорци и врати во стилот на старата македонска архитектура, но во термо систем

Посебни изведби: ентериерно уредување, декорации, ентериерна и екстериерна реставрација на стари објекти 

Употребуваме исклучиво најквалитетни материјали, прозорците и вратите се со сертификат за квалитет

ИНЕН-ДЕКОР ТРЕЈД дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ИНЕН ДЕКОР ТРЕЈД

ИНЕН ДЕКОР ТРЕЈД е претпријатие за производство на градежна столарија од дрво. Тоа е основна дејност на нашето претпријатие кое е класифицирано во групата на мали компании. Како занаетчиски дуќан за прв пат почнавме да работиме летото 1974 година, со една комбинирана дрвопреработувачка машина и ситен алат, во работна просторија од 16 м2. Со голема упорност и залагање, веќе во 1993 година ИНЕН ДЕКОР ТРЕЈД се регистрира како приватно претпријатие, со модерни машини, повеќе вработени и работилница од 50 м2, за да се прошири во простор од 500 м2 во 2000 година.

inen-dekor-clubeconomy
inen-dekor-clubeconomy

КВАЛИТЕТ

Денес ИНЕН ДЕКОР ТРЕЈД располага со работен простор од 800 м2, има целосно обновен машински парк, возен парк, сопствена сушара за дрвото и понатаму го следи трендот за развој и модернизација. Градежната столарија - прозорци, терасни врати, влезни и собни врати од разни типови на дрво, по стандардни и вонстандардни мери, се изработени по најновите стандарди за термо систем со меки линии. Заштитата на дрвото се врши со еколошки водени лакови, полиуретански лакови или друга заштита, во зависност од желбата на нарачателот.

СТАРА МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА

Специјалност со која можеме да се пофалиме е изработката на прозорци и врати во стилот на старата македонска архитектура, но во термо систем. Многу значајни објекти во стариот Охрид, битолски Широк Сокак, Мала Преспа во соседна Грција, манастирите Св. Наум и Св. Јован Бигорски се целосно опремени со наша дограма.

inen-dekor-clubeconomy
За секој производ гарантираме за квалитет.
Отворени сме за соработка и остварување на
Вашите желби и идеи.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Индустриска зона Крушево, село Алдинци, 7550 Крушево
Град: Крушево
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа