Подетално за компанијата
ХЕЛТИКА ФАРМ
ХЕЛТИКА ФАРМ дооел Скопје е компанија основана во 2016 година, со седиште во Скопје. Нашата основна цел е промоција на иновативни здравствени производи, додатоци во исхраната, витамини и минерали на домашниот и регионалниот пазар. Посветени сме кон обезбедување на производи со врвен квалитет, имаме искусен професионален тим за квалитет, продажба и дистрибуција, кој знае да ги разбере потребите на клиентите и навремено да ги пресретне нивните барања и очекувања.
Doc Pharma S.A.
Компанијата се занимава со увоз, маркетинг, дистрибуција и продажба на комерцијални брендови на додатоци во исхраната, лекови и медицински помагала. ХЕЛТИКА ФАРМ дооел Скопје е генерален увозник и дистрибутер на производите на Компанијата Doc Pharma S.A. од Грција.
МИСИЈА И ВИЗИЈА
Нашата мисија е ХЕЛТИКА ФАРМ дооел да прерасне во лидер на пазарот на добавувачи на иновативни прозиводи и услуги со врвен квалитет, нудејќи високо професионален однос кон своите клиенти и развој на стабилни деловни односи со своите партнери.
Нашата визија е да станеме првокласна фармацевска компанија која ќе се фокусира на унапредување на грижата за здравјето на пациентите. Компанијата е изградена од луѓето и е за луѓето кои сакаат да бидат здрави.
ВРЕДНОСТИ
Нашите вредности се фокус на пациентите, почит кон луѓето, интегритет и иновации. Нашата посветеност кон овие вредности е она по што навистина се разликуваме.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Веле Марков бр. 1/5, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia