Подетално за компанијата
ГРАДБА ПРОМЕТ
Компанијата ГРАДБА ПРОМЕТ ДОО Кавадарци е основано во 1991 година. Нашата основна дејност е изградба на објекти од високо и ниско градба, станбени и индустриски објекти, потоа комунални и хидротехнички објекти и изградба на улици и патишта. Располагаме со сопствена бетонска база, сепарација на песок и каменолом, а се занимаваме и со производство на бетонска галантерија.
Во текот на овие повеќе од 30 години работна активности, ГРАДБА ПРОМЕТ израсна во модерна градежна компанија со комплетна градежна оператива, со околу 200 спецјализирани вработени, меѓу кои има и градежни инженери, архитекти и економисти.
ОПРЕМА
Компанијата располага со:
-
• Магацин и административна зграда во Кавадарци (12,000 метри квадратни)
-
• Сепарација за песок, со бетонска база и современ погон за производство на бетонска галантерија во Росоман
-
• Магацински дел во Неготино (800 метри квадратни)
-
• Каменолом со сепарација во село Дебриште
ГРАДБА ПРОМЕТ е компанија целосно опремена за изведување и на најсложени градежни работи. располага со сопствени автомиксери за бетон, камиони кипери, пумпа за бетон, ровокопачи, багери, камиони влекачи, нисконосечка приколка, грејдер, булдожер, ваљак, кран...
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. 29 Ноември бб, 1430 Кавадарци
Град: Кавадарци
Држава: Macedonia