Подетално за компанијата
ГОДОМИН
ГОДОМИН е семејна компанија во приватна сопственост, основана 1994 година. Основна дејност на компанијата е производство на работна и заштитна облека за сите професии. Од 1994 година па до денес успешно опстојуваме на пазарот благодарение на нашата посветеност, пред се, на квалитетот. Во изминативе години имаме воспоставено успешна соработка со повеќе приватни компании и државни институции.


ПРОИЗВЕДЕН КАПАЦИТЕТ
Производниот капацитет на ГОДОМИН изнесува 7000 парчиња месечно. Опремени сме со сите потребни машини за изработка на квалитетен производ и располагаме со тим кој е способен да дизајнира, да произведе и да продаде квалитетна, префинета и професионална работна облека. Која истовремено е привлечна и комфорна.
МАКСИМАЛЕН КОМФОР
Одбирајќи го ГОДОМИН сте одбрале компанија која што ќе ви овозможи на вашите вработени да им дадете работна и заштитна облека со максимален комфор, но и добар изглед, да се движат слободно додека работат, но, исто така и да изгледаат убаво.

ГОДОМИН е синоним за префинета и професионална работна облека, во која се чувствувате убаво.
Облеката на ГОДОМИН е комфорна, репрезентативна и особено позната по:
КРОЈ, ДИЗАЈН
КВАЛИТЕТ ИЗДРЖЛИВОСТ
РАЗНОВИДНОСТ
ЗАГАРАНТИРАНА И КОНТИНУИРАНА ИСПОРАКА


ОБЛЕКА ПО МЕРКА И НАРАЧКА
Облеката што ја изработуваме е во сите стандардни големини. Но, можеме да направиме и облека по мерка и по нарачка, како и надвор од стандардната производна програма. Во можност сме да ви понудиме голем број на комбинации од нашите стандардни модели на работна и заштитна облека и максимално да ја приспособиме кон вашите критериуми и барања. Нашиот тим секогаш ќе ви помогне да ги изберете соодветните броеви, материјали, во зависност од намената на облеката: хотелиерство, угостителство, транспорт, индустрија, медицина, трговија, како и останати услужни дејности.


Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. 808, бр. 2, зграда 7, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia
Социјални медиуми
Лице за контакт
