Подетално за компанијата
ЕУРОЛИНК Осигурување
Осигурителната компанија ЕУРОЛИНК Осигурување е апсолутен лидер на македонскиот пазар на неживотно осигурување. Нашата стратегија е насочена кон градење поинаков пристап во осигурувањето за целосно задоволување на потребите на клиентите, формирајќи подобри понуди од постојните и нови осигурителни производи.
Обезбедувајќи најквалитетни услуги од доменот на осигурувањето, ние одговараме на потребите на пазарот на кој дејствуваме, со што им помагаме и на граѓаните и на компаниите да ја зголемат нивната сигурност, истовремено придонесувајќи и за добробитта на општеството во целост.
КУПЕТЕ ДОМИ КОМПЛЕТ ПОЛИСА - "ЗАТОА ШТО СЕКОМУ МОЖЕ ДА МУ СЕ СЛУЧИ"
Ова осигурување ја гарантира функционалноста на домот и обезбедува континуитет на комфорот на семејствата наспроти ризиците на кои тие секојдневно се изложени.
Семејно осигурување од последици на несреќен случај - незгода
Осигурувањето од последици на несреќен случај обезбедува надомест доколку поради несреќен случај настанат следните несакани последици:
-
• Смрт од несреќен случај – незгода
-
• Траен инвалидитет од несреќен случај – незгода
-
• Трошоци за лекување од несреќен случај – незгода
-
• Преодна спреченост за работа (дневен надомест) од несреќен случај – незгода
Кај одредени видови осигурување од незгода може да се осигура и ризикот смрт од болест, тешки болести, трошоци за спасување, смрт од сообраќајна незгода. Од незгода можете да се осигурате како поединец, како член на семејство и припадник на група.
Осигурувањето од незгода на Еуролинк Осигурување е територијално и временски неограничено и секој на возраст од 14 до 75 години возраст, без разлика на професија и занимање, може да стане наш осигуреник.
Oсигурeте го целото свое семејство
БИЗНИС КОМПЛЕT - "ЗА БИЗНИС СПАКУВАН ВО СИГУРНОСТ"
Пакетот БИЗНИС КОМПЛЕТ претставува сеопфатно осигурително решение за целосна заштита на вашиот бизнис.
ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА БЕЗБЕДНО ПАТУВАЊЕ
Со патничкото осигурување од ЕУРОЛИНК Осигурување добивате чувство на сигурност при патувањето и гаранција за максимален надомест за штета. Нашите осигурувања се изработени според светски стандарди и приспособени на вашите потреби.
МОТОРНИ ВОЗИЛА
ЕУРОЛИНК Осигурување ги нуди следниве видови осигурувања на моторни возила:
-
• Осигурување автомобилска одговорност
-
• Каско осигурувањe моторни возила
Со полисата од автомобилска одговорност можете да ги склучите следниве дополнителни осигурувања:
-
• Дополнително каско осигурување - стакла од кршење
-
• Осигурување од автомобилска одговорност за штети предизвикани на трети лица во странство - Зелена карта
-
• Дополнителното осигурување - возач, патници и работници од последици на несреќен случај (незгода) за време на управување и возење со моторни и други возила
СЕМЕЈНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Грижата за здравјето и можноста за најквалитетно лечење во модерните здравствени установи се на првото место на приоритети во животот.
Здравјето е сè во животот и без здравјето сè друго е ништо.
Затоа го препорачуваме нашиот најнов продукт за приватно здравствено осигурување СЕМЕЈНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ со кој се овоможува здравствена заштита на целото семејство во најпознатите, најдобрите и најмодерните приватни здравствени установи во Република Македонија (Клиника Жан Митрев, Ремедика, Аџибадем Систина, Санте Плус, Систина Офталмологија, Плодност - Битола, Неуромедика, Специјалната очна болница „Деница“, ПЗУ Поликлиника Дента ЕС, ПЗУ Дентизар - Специјалистичка ординација по стоматолошка протетика, Стоматолошка ординација Круна МС, Медикал центар Промедика, Приватна здравствена установа-ординација за општа стоматологија и специјалистичка по орална хирургија Дентин - Скопје,Приватна здравствена установа д-р Благоевски, Приватна здравствена установа - специјалистичка ординација по ортодонција д-р Маргита Смилева, Приватна здравствена установа - специјалистичка ординација по кардиологија КАРДИОЛОГИЈА ПРИМА - Скопје и др.) и во Европа, без ограничување и по избор на клиентот.
ПРИВАТНО КОЛЕКТИВНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Основата на секој бизнис се здрави и задоволни вработени.
Обезбедете здравствена заштита за вашите вработени каква што заслужуваат! Тука сме да ви помогнеме да го остварите тоа со нашата полиса за приватно здравствено осигурување со која се гарантира професионална и стручна грижа во најпрестижните приватни здравствени установи во Македонија.
СМАРТ ЧОЈС – ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПРОФЕСИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ
Сите правни субјекти на пазарот се подеднакво одговорни спрема субјектите со кои остваруваат деловен однос, како и спрема трети лица , доколку, вршејќи ја својатадејност, предизвикаат штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на имотот на трето лице или предизвикаат финансиски загуби.
Ако ризиците во работењето, во крајна линија, не можеме секогаш да ги избегнеме, нивните економски последици секако можеме. Затоа постои осигурувањето од одговорноста, општа и професионална, преку кое осигурувачот ги презема вашите обврски за надомест на причинетата штета.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Пиринска бр. 23, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia