Filters
Пребарување
ЕУРО АКТИВА

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Основна активност на компанијата ЕУРО АКТИВА е продажба на градежни материјали

- Бетонско железо
- Бетонско железо во котури

- Арматурни мрежи
- Блокови
- Сипорекс
- Цемент...

АКТИВА Петрол
Отпадно железо
Hotel Actor

Hotel Actor

Магазин 2024
euro-aktiva-clubeconomy

Подетално за компанијата

Компанијата ЕУРО АКТИВА денес е едно од најеминентните имиња во градежниот сектор во Македонија, а свои активности има и во секторот со нафтени деривати, туризмот и угостителството, продажба на недвижнини и откуп на старо железо.

ЕУРО АКТИВА е основана во 2000 година како семеен бизнис на семејството Алиу од Скопје. Нејзината посериозна деловна активност започнува кога станува ексклузивен дистрибутер на производите СИДЕНОР од Грција, почитуван бренд во светот на градежништвото, кој ги има сите сертификати за квалитет на своите производи. Подоцна ЕУРО АКТИВА станува ексклузивен дистрибутер на Курум Холдинг од Албанија, како и на многу други производи од разни компании од сферата на градежништвото.

euro-aktiva-clubeconomy

ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ

Најзначајната понуда на ЕУРО АКТИВА во секторот градежни материјали е бетонското железо, кое го нудиме во вид на исправени шипки, потоа бетонско железо во котури и арматурни мрежи, во сите димензии. Компанијата денес е лидер во снабдувањето со железо за градежништвото во Македонија, покривајќи 50 проценти од пазарот.

Палетата на градежни материјали на ЕУРО АКТИВА е исклучително голема и ги содржи сите материјали што денес се употребуваат во современото градежништво, во сите негови сектори. Компанијата располага со стоваришта во Чаир и во Ѓорче Петров.

euro-aktiva-clubeconomy

Стовариште Чаир

Моб:+ 389 75 44 37 92

Тел:+ 02 26 00 365

Стовариште Ѓорче Петров

Моб:+ 389 75 39 62 33  |  +389 75 22 71 17

Тел:+ 02 20 35 050

АКТИВА ПЕТРОЛ

Јадранска магистрала 114

ИЗ Визбегово, Скопје.

Тел:+ 389 75 39 62 48

Today's Coffee Shop

Моб:+389 75 39 62 31

 

 

euro-aktiva-clubeconomy

AKTIVA DISTRICT

AKTIVA DISTRICT е дел од комплексот каде се наоѓа централната канцеларија на ЕУРО АКТИВА, АКТИВА Петрол, TODAY'S Coffee Shop и Hotel ACTOR. Компанијата последните четири години презеде крупни проекти за проширување и реновирање на постојните објекти, за да ја зголеми атрактивноста на целиот простор, за да биде уште попривлечно место за средба на нашите деловни клиенти.

Страсната работа на нашиот тим архитекти создаде ексклузивен амбиент за совршено шопинг искуство за клиентите во оваа деловна зона. Областа сама по себе содржи разновидна содржина и им нуди на гостите удобност во затворен и отворен простор во исто време. AKTIVA DISTRICT, со својата пространа архитектура, паркинг, корисничко искуство, грижливо одбрана лепеза на различни активности... е веќе позната адреса за деловни состаноци и продолжува да биде фокусна точка на домашните и странските посетители.

Hotel Actor

Препуштете се на елегантно сместување, извонредна храна и персонализирани услуги за незаборавен престој.

Ресторан Конференциска сала Сала за состаноци СПА www.actor.mk
euro-aktiva-clubeconomy
euro-aktiva-clubeconomy
euro-aktiva-clubeconomy
euro-aktiva-clubeconomy
euro-aktiva-clubeconomy
euro-aktiva-clubeconomy
euro-aktiva-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Јадранска магистрала 114, ИЗ Визбегово, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи