Filters
Пребарување
ЕНКО ТЕРМ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ЕНКО ТЕРМ се занимава со продажба и монтажа на:

- Санитарии
- Кади
- Опрема и мебел за бањи
- Опрема и материјали за водовод и канализација
- Продажба на опрема и материјали и изведување на системи за греење, централно греење и климатизација

Подетално за компанијата

ОПРЕМА ЗА БАЊИ

Компанијата ЕНКО ТЕРМ од Тетово е основана 1991 година. Нејзината основна дејност е трговија со санитарии, мебел и галантерија за бањи, туш кабини, опрема за водовод и канализација и сите други материјали кои се потребни за комплетно опремување на бања за уживање.

Покрај тоа што е застапник за голем број светски брендови, ЕНКО ТЕРМ има и сопствен погон за производство на мебел за бањи со врвен квалитет, голем избор на бои, модели и димензии. Нашата главна заложба е да ги следиме светските трендови и да понудиме иновативни и квалитетни решенија и производи кои совршено ќе се вклопат во вашите домови, деловни простории, туристички објекти...

Во нашиот изложбен салон во Тетово може да најдете се што ви е потребно за една модерна бања, а за тие што не може да не посетат производите ги испраќаме низ целата територија на Македонија.

 

enko-term-clubeconomy

ГРЕЕЊЕ И КЛИМАТИЗАЦИЈА

Дополнителна дејност на ЕНКО ТЕРМ е и изведување на водоводни инсталации, централно греење, климатизација и соларни системи.

Во доменот на греењето и климатизацијата изведуваме секаков вид на системи, од класично парно греење, до греење/ладење со топлотни пумпи со фенкојлери. Системите ги изведуваме по принципот клуч на рака, според желбите и барањата на клиентите.

Во досегашното постоење компанијата има изведено голем број проекти и во зависност на нивната намена, секогаш внимаваме да обезбедиме максимална ефикасност и функционалност на системот.

При изведба на системите за греење/ладење со топлотни пумпи користиме опрема од светски познатите брендови Panasonic и Emmeti.

enko-term-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 107 бр. 51, 1200 Тетово
Град: Тетово
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт

Енис Демири


Мапа