Filters
Пребарување
ЕНЕРГИЈА доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ЕНЕРГИЈА e овластен дистрибутер за TOSHIBA и CARRIER за Р. Македонија и ги нуди следниве производи и услуги: 
- Опрема за греење, ладење, климатизација и вентилација (инвертер клима уреди, мулти сплит решенија, касетни, каналски, тавански клима уреди, чилери, топлински пумпи, фенкојлери, VRF системи итн.)
- Проектирање на системи за греење, ладење и климатизација 
- Редовно одржување и сервис на опрема за греење, ладење и климатизација 

СЕРТИФИКАТИ

Лиценца Б за изведба на објекти од втора категорија

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Градежни компании, проектанти, компании за изведба од областа греење, климатизација и вентилација.

Сопственици и корисници на комерцијални објекти на кои им е потребно сервис и одржување на опрема за греење, климатизација и вентилација.

Подетално за компанијата

ЕНЕРГИЈА

Енергија доо е формирана во 2005 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење Енергија континуирано го зголемува бројот на клиенти. Денес Енергија е препознатлива компанија во Македонија која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност. Во Енергија водиме сметка за потребите на своите клиенти, ги слушаме нивните потреби и заеднички соработуваме да го достигнеме најдоброто решение. Тимот на Енергија ви стои на располагање околу вашите планови за набавка на опрема од светските производители на ладилници на течност (chiller-и), вентилаторски конвектори (fan coil), клима комори, клима уреди, топлински пумпи, компресори за индустриско ладење, кондензатори итн.

energija-clubeconomy
energija-clubeconomy

ДЕЈНОСТ

Нашата дејност опфаќа климатизација на јавни и административни објекти, спортски и комерцијални центри, деловни простории, станбени објекти, индивидуални објекти итн. Ладилна опрема во индустријата: ладилници за храна, тунели за замрзнување на разни продукти, кланици, млекарници, пивари, винарии, хемиска индустрија итн. Во Енергија веруваме дека животот е постојана трка кон нешто подобро во она што го работиме, затоа ние сме посветени во нашата работа која овозможува цврста и лојална врска со нашите клиенти.

МИСИЈА

Овозможување на врвна услуга на своите клиенти притоа земајќи ги во предвид сите аспекти во работата, со цел добивање на квалитетно и ефикасно решение од областа на климатизација, ладење и греење водејќи сметка за оперативните и инвестициски трошоци.

ВИЗИЈА

Континуирана посветеност во достигнување на поголеми цели притоа стремејќи се кон постојан раст, надминувајќи ги очекувањата на нашите клиенти и создавајќи подобри услови во средината во која живееме.

energija-clubeconomy

ЕНЕРГИЈА е овластен дистрибутер и сервисер на реномираните светски производители на HVAC опрема:

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Лондонска бр.1 Б, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи