Filters
Пребарување
ЕЛЕКТРОГРЕЈАЧИ МИС- Х дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ЕЛЕКТРОГРЕЈАЧИ МИС- Х се занимава со производство на: 

- Грејачи за индустриска и специјална намена
- Грејачи за домаќинство и широка потрошувачка
- Грејачи за угостителска опрема и пекарство

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Со фирми производители на апарати за домаќинство во земјава и во странство

ЕЛЕКТРОГРЕЈАЧИ МИС- Х дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

  • ЕЛЕКТРОГРЕЈАЧИ МИС - Х

    elektrogrejaci-mis-h-clubeconomy

    МИС-Х е компанија за производство на електрични цевни грејачи, лоцирани во Кочани, и сме единствена Фабрика во Македонија од ваков тип што има целосен и заокружен процес на производство на електрични грејачи.

    Располагаме со најквалитетна опрема за производство на електрични цевасти грејачи од светски познатиот шведски производител - КАНТАЛ, со годишен капацитет за производство од преку 220.000 парчиња.

    Ваквата опрема комбинирана со нашиот високостручен кадар и огромните 25 години искуство во ова поле на работа придонесоа нашите производи да имаат врвен квалитет, што е нашето главно мото и двигател на развојот.

  • ГРЕЈАЧИ

    elektrogrejaci-mis-h-clubeconomy

    Произведуваме цевни грејачи, патронски грејачи, појасни грејачи, керамички грејачи, галвански грејачи и други пратечки грејни елементи, Цевните грејачи ги изработуваме од висококвалитетни иноксни цевки, со две варијанти на финален пречник на грејачот, кој може да биде Ф6,5 мм и Ф8,5 мм, додека должината на грејачот во развиена форма може да се движи од 100мм, до 5000мм. Обпикувањето може да биде во најразлични форми.

    Асортиманот на грејачи што ги произведуваме и што можеме да ги произведеме е навистина голем, а ние го делиме во три категории:

    • • Грејачи за домакинство и широка потрошувачка

    • • Грејачи за угостителска опрема и пекарство

    • • Грејачи за индустрија и специјална намена

  • ПРИОРИТЕТ И ФЛЕКСИБИЛНОСТ

    elektrogrejaci-mis-h-clubeconomy

    Нашиот приоритет е клиентот во најкраток можен рок добие најквалитетно решение по мерка, што значи дека производството не е флексибилно и ориентирано кон сите стандардни, а истовремено и кон сите спечифични барања на потрошувачите. Доволно е да ни доставите цртеж, примерок или ваша замисла за она што ви е потребно и нашиот стручен тим ќе изработи соодветен готов производ.

    За се што ви е потребно од било какви електрични грејачи, слободно контактирајте не, со задоволство ви стоиме на располагање.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Унгарска бр. 25, 2300 Кочани
Град: Кочани
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт

Виктор Гицов


Мапа