Подетално за компанијата
Компанијата ЕКО ЗРНО дооел од Кочани се занимава со преработка на ориз и производство на бел, интегрален и кршен ориз. Располагаме со современа фабрика за преработка на оризова арпа, што заедно со квалитетната суровина, ни овозможува на пазарот да пласираме ориз со врвен квалитет. При преработката на оризот како нус производ добиваме и оризова лушпа. Втората фабрика која ја има ЕКО ЗРНО е за производство на пченично брашно од Т400 и Т500, потоа оризово брашно и сточна храна.
Компанијата ЕКО ЗРНО се простира на површина од 6.000 м². За непречено изведување на целиот производен процес, пред неколку години монтиравме силоси со капацитет од 1.000 тони и сушара со капацитет од 50 тони за 24 часа. Особено сме горди на најсовремена СОРТЕКС машина, која, исто така, ја набавивме пред неколку години.
Фирмата ЕКО ЗРНО на македонскиот пазар е присутна од 2008 година. Денес имаме дваесетина вработени, а покрај преработката на ориз и производството на брашно се занимаваме и со сопствено производство и со откуп на оризова арпа, пченица и пченка.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Маршал Тито бр. 1 - Спанчево, Чешиново-Облешево, 2300 Кочани
Град: Кочани
Држава: Macedonia