Filters
Пребарување
ЕКО ШАР

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ЕКО ШАР се занимава со производство на млечни производи со преработка на млеко од светски познатиот регион Шар Планина
- Шарско овчо сирење
- Шарско кравјо сирење
- Шарско мешано сирење
- Шарски овчи кашкавал
- Шарски мешан кашкавал
- Шарски кравји кашкавал
- Шарски кашкавал премиум
- Шарско биено сирење
- Шарска урда

СЕРТИФИКАТИ

HACCP

Подетално за компанијата

ВИЗИЈА

Природните состојки кои ги користиме при производството на нашите млечни производи, зачувување на традицијата, квалитетот и континуираниот напредок го прават ЕКО ШАР компанија која се грижи за своите потрошувачи и потребите на заедницата.
 

МИСИЈА

Нашата мисија е да станеме бренд, кој има за цел да биде регионален лидер и да ја зачува традицијата. Да стане одговорен субјект во општеството, компанија на која заедницата и поширокиот регион би се огледале.
 

ТРАДИЦИЈА И ЕКО КУЛТУРА

Уметноста на правење сирење според старите доверливи рецепти, притоа користејќи природни производи од нашето поднебје, како што се недопрената природа, обилните пасишта и извори, ни дава за право да се гордееме и да веруваме дека имаме уникатен рецепт кој нуди големи предности.

ТЕХНОЛОГИЈА

Модерните и напредни технологии, како и вештините на нашите вредни производители на сирење го прават нашиот производ скапоцен подарок за секоја трпеза.
 
 

ПРОИЗВОДИ

Шарско кравјо сирење | Шарско мешано сирење | Шарско овчо сирење | Шарско биено сирење | Шарски кравји кашкавал | Шарски мешан кашкавал | Шарски овчи кашкавал | Шарски кашкавал премиум | Шарска урда | Фетеко | Салатеко – ( кравјо, овчо, биено и козјо сирење во масло) | Павлака | Едамер кашкавал | Goldi кашкавал | Димен кашкавал

eko-sharr-clubeconomy
eko-sharr-clubeconomy
eko-sharr-clubeconomy
eko-sharr-clubeconomy

ДОВЕРБА И ОДГОВОРНОСТ

Ги исполнуваме ветувањата и сме одговорни кон партнерите и потрошувачите. Ние и помагаме на заедницата и ја штитиме животната средина. ЕКО ШАР е компанија која постои од 1999 година и во овој краток период на работа постигнавме нагорен тренд на раст. Во изминатиот период постојано сме активни на пазарот со тенденција да станеме активна извозно ориентирана компанија.

ЕКО ШАР е лидер во производството на млеко и млечни производи во Шарпланинскиот и Пелагонискиот регион, кои се сметаат за еколошки чисти средини и како такви гарантираат квалитет на производот. Производите на ЕКО ШАР се дистрибуираат во многу малопродажни објекти преку најголемите дистрибутивни центри. Дополнително, компанијата има остварена соработка со 550 партнери, производители на млеко.

eko-sharr-clubeconomy
EKO SHARR - ВКУСОТ НА ПРИРОДАТА
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Порој, 1223 Тетово
Град: Тетово
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи