Подетално за компанијата
ДУШАН ЌИРИЌ Ltd
Компанијата ДУШАН ЌИРИЌ Ltd е основана во 1954 година и е еден од пионерите на организирано земјоделското производство во Македонија. Во текот на сите овие години бележиме постојано развој и денес сме современа компанија која покрај интензивното овоштарско производство има и капацитети за калибрирање и пакување на земјоделски производи, ладилници и линија за преработка и пакување на овошјето. Нашите производи имаат врвен квалитет, фантастичен вкус и мирис, атрактивни бои, што придонесе дури од 2004 година да го добиеме сертификатот GLOBAL GAP за квалитет и чистота.
КВАЛИТЕТ
ДУШАН ЌИРИЌ Ltd се наоѓа во центарот на Македонија, во Тиквешката долината. Регион со голем број сончеви денови, богата почва и блага клима - идеални услови за производство на овошје, во нашиот случај, праска, потоа нектарини и во поново време слива.
Контрола на производството, бербата и квалитетот е приоритет на ДУШАН ЌИРИЌ Ltd, ги комбинираме традиционалните и современите начини на одгледување, што заедно со големата контрола на бербата и селектирањето на овошјето е гаранција дека на крајните купувачи ќе им испорачаме здрави и природни производи.
ПРОИЗВОДИ
Праска
На површина од 200 хектари одгледуваме различни видови праски, кои на пазарот ги пласираме од првата половина на јуни до крајот на август.
Нектарина
Нектарините се еден вид на праска, но нашата понуда е единствен по формата, големината, вкусот, мирисот и шекерноста.
Слива
Со одгледување на сливи почнавме последниве години. На пазарот ја нудиме сортата „црна магија“. Големи сочни и благи слива со темно виолетова боја, тенка кора, многу овошје и многу мала семка.
КАПАЦИТЕТ
ДУШАН ЌИРИЌ Ltd. располага со капацитет за сортирање и пакување на овошје и зеленчук, со површина од 830 метри квадратни. Објектот е опремен со најсовремена опрема за сортирање и пакување, што ни овозможува да ги задоволиме барањата и на најпребирливите пазари. Во рамките на овој капацитет работи и ладилник за складирање со капацитет од 1.440 м3, во кој може да се складираат 1.000 тони овошје и зеленчук.
ПРЕРАБОТКА
Од 2014 година ДУШАН ЌИРИЌ Ltd. ги прошири деловните активности со отворање линија за преработка на овошје (праски, сливи, јаболка, грозје и вишна) за производство на сокови и пиреа, мармалади, џемови. На пазарот сме веќе познати по нашето пире од праски, сливи и јаболки, кое се произведува од органско овошје, без конзерванси и е направено од 100% овошје.
ЛАДИЛНИЦИ
Во текот на целата година, (12 месеци, јануар- декември) вршиме услуга - РАЗЛАДУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ на производи во нашите ладилници. Капацитет 1.200 т и температура +0
СОКОВИ MILA
Посебен дел од успешната приказна на ДУШАН ЌИРИЌ Ltd. се Mila соковите, произведени од најубавите сорти трпезна праска. Слоганот со кој ги промовираме соковите: Од природата со љубов, не е маркетиншки трик, туку чиста вистина, бидејќи во производството не употребуваме концентрат, конзерванс, дополнителни ароми и бои, а содржината на овошје е минимум 50 %.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Западен булевар бр. 45,
П. фах 189, 1430 Кавадарци
Грачанско 2, Село Росоман
Град: Кавадарци
Држава: Macedonia
Социјални медиуми
Лице за контакт