Самолепливи кеси - Oдлично решение за складирање на документи, текстил и други предмети, кога треба да ја чувате содржината безбедна и/или да ја заштитите од влага, прашина, нечистотија или други загадувачи
Подетално за компанијата
Компанијата ДОРАКАН се занимава со снабдување со печатени и непечатени пластична амбалажа PP, OPP, CPP, OXO-PP кеси за текстилна индустрија, електроника, канцелариски материјали... од 2µ до 10µ. Имаме широк асортиман на производи, а со своето знаење и искуство се обидуваме да го одржиме квалитетот, кој во ДОРАКАН е секогаш пред се. Во ДОРАКАН располагаме и со OXO - биоразградливи производи кои се 100 % растворливи во природата, во период од 12 до 24 месеци. На овој начин сме вклучени во светскиот тренд за зачувување на животната средина.
Палета на производи
- Торби за поштенски пратки
- LDPE, HDPE, OXO-LDPE, OXO-HDPE, PP-CPP-OPP-LDPE-OXOPP кеси (самолепливи, со закачалки, со патент, перфориран...)
Торбите за поштенски пратки се отпорни на кинење и дупчење, што го прави совршено решение при испраќањето поштенски пратки. Исто така, познати како CoEx кеси, овие тотби се направени од трислоен коекструдиран LDPE материјал, кој на оваа абалажа и дава квалитет, да биде отпорна на кинење и дупчење. Овие торби се направени со непроѕирен бел надворешен слој и црн или сив внатрешен слој, што обезбедува приватност при испраќање лични предмети, маици, електроника и друго, како и целосна доверливост при испорака на документи.
Поли кесите со кука се дизајнирани за да помогнат полесно да ги изложите текстилните производи, трикотажата, играчките и други производи во продавниците на ефикасен и ефективен начин. Во понудата имаме многу различни видови куки за поли кеси кои ќе ви помогнат полесно да ги изложите вашите производи во продавниците.
Во понудата на ДОРАКАН се и кесите за пакување на чистите алишта после хемиско чистење. Ги испорачуваме спакувани една по една во големо пакување или во ролни, со можност да нарачате печатена или непечатена варијанта.
Контакт информации
Адреса
Улица: Индустриска Зона село Градошорци, Василево, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Macedonia
Социјални медиуми
Лице за контакт
Баркин Акан