Filters
Пребарување
ДИЗАЈН И.Н.Г. дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ДИЗАЈН И.Н.Г. се занимава со градежништво

- Проектирање
- Изградба
- Изведба ентериери
- Надзор

КЛУЧ НА РАКА

ДИЗАЈН И.Н.Г. дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Компанијата ДИЗАЈН И.Н.Г. доеел Скопје се занимава со изградба на сите видови објекти од доменот на високоградбата. Располагаме со тим на инженери, мајстори, како и опрема и механизација за изведба на сите фази од изградбата на еден објект, по принципот КЛУЧ НА РАКА. Фирмата ДИЗАЈН И.Н.Г. ги има сите лиценци за изведба на главниот проект и реализација на потребната проектна документација, како и за вршење надзор при изградба на градежни објекти.

dizajn-ing-clubeconomy

ДИЗАЈН И.Н.Г. во своето дваесетгодишно постоење има изградено голем број станбени згради, индивидуални куќи, деловни и индустриски објекти и тоа од ископо и изведба на темелите, изградба на носечката конструкција, изведба на ѕидарските работи, фасади, па се до најкомлицираните завршни градежни работи. Во договор со инвеститорите им помагаме во изборот и набавката на градежните материјали, сакајќи максимално да ги задоволиме нивните барања и желби, но и да ги анулираме непотребните трошоци.

dizajn-ing-clubeconomy
dizajn-ing-clubeconomy

Последниве години ДИЗАЈН И.Н.Г. почна да се занимава и со дизајнирење и изведба на ентериери во објекти кои сме ги изградиле, како и во објекти во чија реконструкција учествуваме. При внатрешно уредување користиме исклучиво квалитетни материјали, што заедно со умешноста на нашите мајстори е гаранција дека ќе добиете екставагантен простор. На пазарот сме веќе познати по квалитетната изведба на подови, осветлување, поставување на ѕидни облоги и декорации, па се до изведување на спуштени плафони и други плафонски декорации.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 3, бр. 60, село, Студеничани, 1051 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт