КВАЛИТЕТНИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ
БУЧЕН КОЗЈАК
Природниот вкус на производите е тоа што ја направи млекарница препознатлива на пазарот. Долгогодишното постоење на “Бучен Козјак” зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба. Она што Бучен Козјак го прави препознатлив бренд е производството на квалитетни млечни производи кои се создаваат со успешена комбинација на традиционалното знаење и најновите технолошки трендови, а сето тоа спроведено во креативна работна атмосфера.
Бучен Козјак ја негува својата политика за квалитет, посветено работи кон остварување на поставените цели и се стреми кон усовршување на производствените капацитети и персоналот, како и унапредување на работната атмосфера.
Потврда на тоа се многубројните награди, признанија и благодарници од разновидни институции и независни агенции кои вршат анализа на пазарот.
НАШАТА ВИЗИЈА И МИСИЈА
Мисија: Менаџментот и вработените настојуваат да произведуваат висококвалитетни млечни производи кои што ќе им овозможат на крајните кориснци да ги задоволат своите потреби, а при тоа да консумираат природни и на традиционален начин подготвени производи.
Визија: Тенденција за преструктурирање во компанија со докажани брендирани производи, кои што ќе им овозможат на потрошувачите здрав начин на исхрана.
Со својата долгогодишна традиција, препознатлив вкус и проверен квалитет, млекарата Бучен Козјак претставува синоним за производство на киселомлечни производи.
СОВРЕМЕН ТЕХНОЛОШКИ ПРОЦЕС
Технолошкиот процес на преработка на млекото се одвива според најсовремени правила и прописи. Професионалната контрола, спроведувана од најсовремено обучени кадри во нашата компанија обезбедува производство на високо квалитени млечни преработки и производи.