Filters
Пребарување
БРАТСТВО ИНОХ ДОО

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Групацијата БРАТСТВО ИНОКС ДОО, еден од претприемачките лидери во регионот, е компанија која нуди широк спектар на решенија за обработка на метали.

УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИМЕ:

Ковачки работи
Длабоко извлекување

Заварување
Гасно сечење
Површинска заштита
Обработка на метал

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:2015
ISO 14001:2015
EN 15 085-2 INTERNATIONAL WELDING CERTIFIVATE FOR RAILWAY
TÜV RHEINLAND WELDERS CERTIFICATES

 

БРАТСТВО ИНОХ ДОО

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

БРАТСТВО ИНОКС

Групацијата БРАТСТВО ИНОКС, еден од претприемачките лидери во регионот, е компанија која нуди широк спектар на решенија за обработка на метали, за да ги задоволи потрошувачите насекаде во сетот. Како специјалист за трансформација на метали, ја посветуваме целата наша енергија и знаење со цел да обезбедиме извонредна услуга и континуирани иновации во доменот ковање на метали и слични активности барани од нашите клиенти.

УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИМЕ:

  • Ковачки работи
  • Длабоко извлекување
  • Заварување
  • Гасно сечење
  • Површинска заштита
  • Обработка на метал
bratstvo-clubeconomy
bratstvo-clubeconomy

СЕРТИФИКАТИ

Во соработка со Bureau Veritas, ги добивме најновите сертификати за квалитет ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015

EN 15 085-2 International Welding Certificate for Railway.

Сертификати за заварувачи на TÜV Rheinland (TÜV Rheinland welders certificates).

БРАТСТВО - ПОВРШИНСКА ЗАШТИТА

БРАТСТВО ПОВРШИНСКА ЗАШТИТА располага со најсовремена опрема за нанесување заштитна превлака на метали на балканските простори.

Услуги што ги нуди нашиот погон:

  • Цинкување
  • Анодна оксидација
  • Фосфатирање
  • Хемиско (безструјно) никлување
  • Брунирање
  • Тврдо хромирање

Планирани услуги во најскоро време:

  • Декоративна превлaка Хром-Никел
  • Превлaка од Цинк-Никел легура

Погонот е опремен со современа лабораторија за контрола на растворите и квалитетот на нанесените превлaки.

bratstvo-clubeconomy
bratstvo-clubeconomy

БРАТСТВО КОВАЧНИЦА

Нашата ковачница се протега на 2500 м² и е опремена со машини кои можат да коваат отковци до 15 кг, на ковачки преси до 1600 тони и чекан до 2,5 тона. Греењето на материјалот се врши во модерна индукциона печка до 300 KW, а сечењето го вршиме со „маказа" со дијаметар до 100 мм. Деловите по ковањето се пескарат во ротациона пескарница со челични сачми.

Работиме и ковање по цртеж, со што обезбедуваме работење по нарачка со бараните атрибути.

ЗАВАРУВАЊЕ

Заварувачкото одделение спроведува заварување по ТИГ, МАГ и РЕЛ постапки за заварување. Екипирани сме со сертифицирани заварувачи според ISO 9006-1 и ISO 14732 (рачни и механизирани постапки). Одделението располага со автомати за надолжно и кружно заварување на лимови.

bratstvo-clubeconomy
bratstvo-clubeconomy
bratstvo-clubeconomy

БРАТСТВО САДОВИ ЗА ГОТВЕЊЕ

Производството на садови за готвење е најстарата дејност на БРАТСТВО, истовремено и најпрепознатливата. Индустријата за метални производи БРАТСТВО ИНОКС се вбројува во редот на најреномираните компании за изработка на садови за домаќинство во Југоисточна Европа.

Богатата производна програма опфаќа садови за домаќинство и угостителство во кои може да се готви, чува, транспортира и послужува храна по сите гастрономски стандарди.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица:
БРАТСТВО ИНОХ
Ул. 7-ми Ноември бб, 6000 Охрид
БРАТСТВО ПОВРШИНСКА ЗАШТИТА
Ул. Перо Наков бр. 124, 1000 Скопје
БРАТСТВО КОВАЧНИЦА
Ул. Перо Наков бр. 124, 1000 Скопје
Град: Охрид
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)46/261 965

+389 (0)75/235 365

+389 (0)76/299 885 - БРАТСТВО ПОВРШИНСКА ЗАШТИТА

+389 (0)75/441 829 - БРАТСТВО КОВАЧНИЦА

Социјални медиуми

Лице за контакт

Славчо Андрески


Мапа

Документи