Filters
Пребарување
БИОИНЖЕНЕРИНГ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата БИОИНЖЕНЕРИНГ се занимава со проектирање, производство и монтирање на прочистителни станици за фекални и индустриски отпадни води, со мали, средни и големи капацитети. 

Микробиолошки испитувања на разни примероци и производство на биолошки препарати.

 

БИОИНЖЕНЕРИНГ доо

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

БИО ИНЖЕНЕРИНГ доо е основана во 1998 година како компанија за проектирање, производство и монтирање на прочистителни станици за фекални и индустриски отпадни води, со мали, средни и големи капацитети.

Развиваме нови технологии за третман на отпадни води и производство на биолошки препарати кои имаат широка примена во индустриите, здравството, земјоделството, шумарството и животната средина.

Дел од БИО ИНЖЕНЕРИНГ е и микробиолошката лабораторија ИЦПМБ д-р Кунгуловски, акредитирана според ISO 17025 (бр. ЛТ-070).

bioinzenering-clubeconomy

МАЛИ ПРОЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ

Официјални претставници на  AquaTec  во Македонија

Прочистителни станици за отпадни води, дизајнирани за семејни куќи, вили, викендици, колиби и станбени згради. Големината се одредува според бројот на членовите на домаќинството. Имаат вертикален цилиндричен полипропиленски резервоар.

Карактеристики
  • Компактен и елегантен дизајн
  • Брза и едноставна инсталација
  • Цврсти, трајни и одржливи
  • Третирана вода со висок квалитет (повеќе од 90% редукција на азот и повеќе од 80% редукција на фосфор)
  • Може повторно да се користи прочистената вода
bioinzenering-clubeconomy

ГОЛЕМИ ПРОЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ ЗА КОМУНАЛНА И ИНДУСТРУСКА УПОТРЕБА

СЕКВЕНТЕН БИОРЕАКТОР СО АЕРОБНИ ГРАНУЛИ
Природен процес: без хемикалии!

Нашата патентирана BIG-SBR технологија е имплементирана во модуларни пакети на прочистителни станици за третман на индустриски и комунални отпадни води од различни извори, со цел редуцирање на концентрациите на органските полутанти и биолошката и хемиската потрошувачка на кислород, и тоа во рамките на европските регулативи.

Применуваат систем на продолжена аерација кој обезбедува доволно кислород и мешање, со што се овозможуваат поволни услови за разложување на органските полутанти од страна на микроорганизми во отпадната вода.

Технолошкиот процес се одликува со четири чекори кои го постигнуваат посакуваниот квалитет на ефлуентот: скрининг, аерација, таложење, и рециркулација на тиња.

bioinzenering-clubeconomy
bioinzenering-clubeconomy
bioinzenering-clubeconomy

ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР ЗА МИКРОБИОЛОГИЈА И БИОТЕХНОЛОГИЈА

Истражувачкиот центар врши рутински микробиолошки анализи на вода, храна, козметички производи, земја, компост и микробиолошки ѓубрива, спроведува молекуларни метагеномски анализи и разрешува најразлични индустриските проблеми.

Анализи кои ги врши Истражувачкиот центар за микробиологија и биотехнологија:

  • Mикробиолошкa контрола на вода
  • Mикробиолошка контрола на храна
  • Mикробиолошка контрола на вино
  • Mикробиолошка контрола на козметика
  • Mикробиолошка контрола во земјоделството
  • Mикробиолошка контрола на други примероци
  • Tестови од молекуларна биологија
  • Други тестови од микробиологија
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Иван Аговски бр. 7-1, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)2/3070 369

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи