Подетално за компанијата
АЛФА ИНЖИНЕРИНГ
АЛФА ИНЖИНЕРИНГ е компанија која егзистира на пазарот во Македонија и соседните земји од 2000 година и од почетокот се занимава со изведба и монтажа на пуми за вода. Со текот на годините прерасна во фирма со две главни дејности меѓусебно поврзани.


ВОДОСНАБДУВАЊЕ
Првата е изведба на системи за водоснабдување на населени места, со сите пропратни објекти, како пумпни станици, филтер станици, канализациони системи и прочистителни станици за одпадни води. Од минатата година, АЛФА ИНЖИНЕРИНГ стана официјален сервисен партнер и дистрибутер на најголемиот светски производител на пумпи GRUNDFOS од Данска.
АВТОМАТИКА
Втората област на делување е во полето на изработка на автоматика за управување, контрола и заштита на пумпни агрегати, со изработка и на најкомплицирани автоматизирани системи. Исто така, се занимаваме со проектирање и изведба на системи за искористување на обновливи изори на енергија. Поседуваме и сопствена фотоволтаична централа со моќност од 0,5 MWh.


ЕНЕРГЕТСКИ УСЛУГИ
АЛФА ИНЖИНЕРИНГ има голем успех и во доменот на енергетиката. Доказ за тоа се многуте завршени енергетски проекти, како што се: изградба на дистрибутивни далноводи и системи за автоматска контрола, вклучувајќи автоматско работење на повеќе процеси во индустријата, рударството и системите за осветлување.
ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО
Без разлика дали имате проблем со апликацијата или друг предизвик, со нашите стручни услуги за индустриска автоматизација, можеме да ви помогнеме да изберете и примените производи и дизајни за автоматизација за да го намалите ризикот и да ја зголемите ефикасноста на различни системи поврзани со вода или енергија.


ИНСТАЛАЦИЈА НА ГЕОСИНТЕТИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ
АЛФА ИНЖЕНЕРИНГ има можност да ги обезбеди сите потребни геосинтетски материјали, заедно со потребниот надзор на локацијата, квалификувани техничари, внатрешни техничари за контрола на квалитет и опрема за тестирање поврзана со инсталацијата на геосинтетските материјали.
ХОТЕЛ БЕЛ КАМЕН
Во сопственост на компанијата е и новоотворениот хотел БЕЛ КАМЕН, лоциран на планината Плачковица. Се наоѓа на 1470 метри надморска височина и е опкружен со густа букова и борова шума.
Хотелот има 12 двокреветни соби, 3 фамилијарни и 1 VIP апартман.
Секоја соба располага со еден брачен кревет или два единечни кревета, едно помошно легло, комплетно опремена бања, мини бар, ТV, WI-FI, и поглед кон планинската идила.
Комплексот БЕЛ КАМЕН е идеален за вистински одмор и рекреација во секој период од годината, бидејќи се наоѓа во предел кој изобилува со природни убавини, како што се високите карпи, флората и фауната кои можат да се сретнат само во оваа околина.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Димитрије Чуповски бр. 1-А1-3,
1000 Скопје
Ул. Ѓорче Петров бр.123, 2420 Радовиш
Град: Радовиш
Држава: Macedonia