Подетално за компанијата
Компанијата АГАНДА се занимава со производство и пласман на квалитетни и еколошки чисти земјоделски производи. Главната дејност ни е преработка и пакување на овошје и зеленчук. Нудиме овошје и зеленчук: свежо, замрзнато и конзервирано.
Во соработка со производителите се грижиме за овошјето и зеленчукот уште од неговото садење, одгледување, па се до бербата. Потоа ние го складираме и го пакуваме според највисоките стндарди за да добиеме најквалитетен производ кој може да се пласира на европскиот пазар. Интенцијата ни е на пазарот да понудиме квалитетни и еколошки чисти земјоделски производи и тоа да биде заштитен знак на АГАНДА, по кој ќе бидеме препознавани на пазарите во Европската унија, но и на домашниот и пазарите во регионот.
Во нашата понуда е опфатено овошје и зеленчук кои излегува на пазарот од рана пролет до касна есен, со што им помагаме на земјоделците да ги пласираат своите производи, а воедно им понудиме широка палаета на нашите партнери.
Компанијата АГАНДА, покрај калибрирањето и пакувањето на овошјето и зеленчукот, еден дел од него и преработува. Имаме и смрзната програма, која планираме да ја зголемуваме, како од аспект на асортиманот, така и од аспект на квантитетот. Компанијата располага со HACCP сертификат, кој ни помага во нашата извозна ориентираност, во што веќе имаме значајни резултати, бидејќи дури 95 проценти од извозот оди во земјите од Европската унија.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Јордан Златаноски бр. 72, 1200 Тетово
Град: Тетово
Држава: Macedonia
Социјални медиуми
Лице за контакт
Г-дин Фатон Шаќири