ВИНТ ПЛУС дооел е трговско друштво основано во 1998 година со седиште во Скопје. Почнавме како овластен дистрибутер на TEZ – Загреб. Со понатамошниот развој и со својата докажана професионалност фирмата се разви и стана овластен дистрибутер на Philips Lighting. Како наш модел во ВИНТ ПЛУС ја следиме посветеноста на Philips во генералните бизнис принципи кои се однесуваат на интегритетот и етиката при водењето бизнис. Во ВИНТ ПЛУС ги следиме и се водиме според тие принципи во сите наши донесени одлуки и постапки кон купувачите, кон поддоговарачите, кон вработените, како и кон сите други вклучени учесници. Финансискиот етички код, како и етичкиот код при набавките се дополнителен водич на ВИНТ во секојдневното работење и водење на бизнисот.