Filters
Пребарување
ТРЕ-ПРОМ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ТРЕ-ПРОМ се занимава со производство и зведба на: 

- Монтажни куќи
- Покриви
- Дрвен мебел
- Дрвени конструкции
- Дрвени надстрешници
- Тенди
- Перголи

Подетално за компанијата

 

ТРЕ-ПРОМ

 

Компанијата ТРЕ-ПРОМ е сместена во тетовското село Требош и има богата традиција во примарната преработка на дрво, во производството на елементи од дрво за производство на градежна столарија, како и во комплетно изведување на: монтажни куќи, брвнари, покриви, дрвени конструкции, дрвени надстрешници, тенди, перголи и во производство на дрвен мебел.
 
 

Почнавме како пилана која првенствено даваше услуги во преработка на дрвени трупци, но со постојаното вложување во машинскиот парк и воведувањето нови технологии почнавме да произведуваме градежно дрво и за свои потреби. Последното скалило во развојот на ТРЕ-ПРОМ е активното вклучување во градежниот пазар, каде веќе имаме изведено голем број објекти или делови од објекти, кои го добиваат својот финален изглед и поголема функционалност со нашите креации од дрво.

На пазарот сме веќе познати по нашите дрвени и монтажни куќи, кои ги градиме по сите светски стандарди, како и по големиот број кровни конструкции што досега ги има изведено компанијата. Нашите надстрешници и перголи красат голем број дворови, но и многу угостителски, бизнис, туристички и спортски објекти, како со својата убавина и функционалност, така и со беспрекорната изведба.

Најголемата компаративна предност на ТРЕ-ПРОМ при изведебата на овие креации од дрво е фактот што имаме целосна контрола врз материјалите што во нив ги вградуваме, бидејќи најголемиот дел сами го произведуваме. Тоа ни дава можност да имама директна контрола врз квалитетот, но и да одговориме на некои специфични барања од инвеститорите.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Требош бб, 1200 Тетово
Град: Тетово
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)70/215 891

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа