Подетално за компанијата
ТОКСИ-ВЕТ
ТОКСИ-ВЕТ дооел е компанија која на пазарот нуди квалитетна и доверлива услуга фокусирана на контролата и заштитата од штетници - ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА, како и извршување на сертификација за основни познавања во областана на хигиената и безбедност на храна и заштита на животна средина.
ОПСЕГ НА РАБОТА
Нашиот опсег на работа се протега од домаќинства, па се до големи и комплексни индустриски капацитети. Работиме во согласност сo Законот за заштита на населението од заразни болести и поседуваме одобрение за дезинфекција, дезинсекција и дератизација од Министерството за здравство на република македонија.
ДДД дел во HACCP систем
ДДД дел во системи за безбдност на храна е услуга која ја даваме кон клиенти од прехрамбената индустрија. Вклучува анализа на критичните точки кои можат да доведат до инфестација на глодари и инсекти, како и совети и препораки за хигиенско ракување со производството за да се спреи ширењето на штетни микро организми.
Во овие услуга ги избегнуваме хемиските третмани и акцентот се става на превентивно делување и спречување на појавување на инсекти и глодари, како и воведување мониторинг систем за набљудување на инфестацијата.
Курс за хигиена и безбедност на храна
Врз основа на Законот за безбедност на храна должност на секој оператор со храна е да изврши обука на вработените за основните познавање во областа на хигената и безбедноста на храната и заштитата на животната средина. Врз основа на овластување бр: 02-2381/6 од 04.09.2017 издадено од Агенција за храна и ветеринарство, во можност сме да ви понудиме курс за хигиена и безбедност на храна и заштита на животна средина.
Бизниси
Повеќе децениското искуство и следењето на европските и светските трендови во нашата индустрија ни дава за право да кажеме дека можеме да одговориме на сите ваши барања во однос на дезинфекцијата, дезинсекцијата и дератизацијата. Согласно вашата индустрија можеме да ви понудиме од еднократни третмани до комплексни програми за интегрирано справување со штетници каде што се употребуваат најмалку хемиски средства, се врши континуиран мониторинг на вашите објекти и сето тоа исполнувајки ги најстрогите стандарди како HACCP, BRC, GMPs, ISO и многу други.Сите наши мерки и активности се скроени за вашите потреби и барања така да нашиот пристап кон секој клиент е уникатен и соодветствува со неговите потреби.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Спиро Гулапчев бр. 5 Б, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија