Filters
Пребарување
СТАКЛАРА СКЕНДЕР ПРОМ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата СТАКЛАРА СКЕНДЕР ПРОМ се занимава со изработка и застаклување на објекти со стакло. Во нашата понуда се опфатени:

- Термопан стакла, со и без украсни лаисни
- Термопан со две и три стакла
- Изработка на стаклени фасади
- Застаклување на излози

СТАКЛАРА СКЕНДЕР ПРОМ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Охридската компанија СКЕНДЕР ПРОМ, формирана од Скендер Селим во 1998 година е успешна и препознатлива бизнис приказна која одамна ги има надминато локалните рамки. Стакларата СКЕНДЕР ПРОМ, која долги години работеше во погонот на ул. Железничка, сега влегува во нова фаза од развојот, со нов модерен погон во кој оперира современа, супер прецизна ЦНЦ машина која може да ги изведе сите можни видови агли на стакло. Новиот погон на СКЕНДЕР ПРОМ е лоциран на патот за Велгошти.

staklara-skender-prom-clubeconomy
staklara-skender-prom-clubeconomy

Ја прошируваме работата со нова машинерија и нова технологија со ЦНЦ линија и машина за перење, сушење и пресување на стакло и со цела линија за производство на термопан стакла. Новата технологија ни дава можност да ги произведуваме сите видови стакло, со дебелина од 4 мм до 20 мм, единечно стакло, термопан стакло за прозорци и балконски врати, памфлекс стакла, огледала, стакла за маса, фиксни паравани…

СКЕНДЕР ПРОМ освен во Охрид и регионот, работи низ цела држава и во странство. Потписот на СКЕНДЕР ПРОМ стои зад градежните џинови, како „Џеваир“ во Скопје, каде се монтира стакларијата на четвртиот небодер.

Во моментов најмногу на пазарот се бара четирисезонското повеќекоморно термопан стакло погодно за сите времекси услови, кое заштедува енергија и е одличен звучен изолатор.
Овој вид стакло дава 98% топлинска и звучна изолација.

staklara-skender-prom-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Живко Чинго бб, 6000 Охрид
Град: Охрид
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-дин Ненад