Filters
Пребарување
СТАФИЛОВ СОЛАР

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

СТАФИЛОВ СОЛАР е компанија за продажба и монтажа на соларни систем за производство на електрична енергија, како во самостојни соларни електрани, така и во компании и во домаќинствата. Изведуваме секаков вид фотоволтаични системи:

-Систем поврзан со мрежа
- Автономен и
- Хибриден систем

Подетално за компанијата

СТАФИЛОВ СОЛАР нуди опрема и монтажа на соларен систем за производство на електрична енергија, како во домаќинствата така и во компаниите. Достапни сме за изведба на секаков вид фотоволтаични системи: систем поврзан со мрежа, автономен и хибриден систем, на сите локации во Република Северна Македонија, за задоволување на вашите потреби за зелена енергија а воедно и заштита на животната средина.

stafilov-solar-clubeconomy
stafilov-solar-clubeconomy

Нудиме целосна услуга за монтажа на челични, поцинковани и двојно галванизирани конструкции и монтажа на Ваша сопствена фотоволтаична централа.

Работиме со опрема од светските брендови за фотоволтаични модули Ja Solar и Canadian Solar, со што можеме да понудиме монокристални фотоволтаични модули од групата TIER1, обични како и бифацијални. За мониторинг на централата нудиме висококвалитетни инвертори од светски брендови, како Saj, Sungrow, Growatt и Buyit. Во нашиот продажен и работен програм нудиме монофазни и трофазни инвертори кои може да бидат On-grid или Off-grid. Во однос на батерии за складирање на произведената енергија од централата, работиме со олово-киселински и литиум-јонски батерии од брендовите TAB Slovenia и Growatt. Ви нудиме квалитетно изработени фотоволтаични системи и целосна поддршка од нашиот тим за беспрекорно и долготрајно функционирање на системот.

ПРОИЗВОДИ

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Шишка бр.53, 1430 Кавадарци
Град: Кавадарци
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа