Filters
Пребарување
РОНИБЕТ МЕСНА ИНДУСТРИЈА И КЛАНИЦА

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

МЕСНАТА ИНДУСТРИЈА И КЛАНИЦА РОНИБЕТ се занимава со колење на ситен и крупен добиток и преработка на месо

Кланица
- Колење на јагниња за извоз
- Колење на крупен и ситен добиток

Преработка на месо
Свежо смрзнато месо
Свежо месо
Сувомесни производи

СЕРТИФИКАТИ

HACCP
HALAL

РОНИБЕТ МЕСНА ИНДУСТРИЈА И КЛАНИЦА

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Месна индустрија РОНИБЕТ – Струмица своите корени ги има од 1960 година, од кога функционира како КЛАНИЦА СО ЛАДИЛНИК. Од 1990 година, гордо работиме под брендот РОНИБЕТ. Денес РОНИБЕТ е модерна компанија што остава свој белег низ европските пазари.

Месна индустрија РОНИБЕТ може да се пофали со сопствена кланица, производствен капацитет, ладилник и месарница, која нуди широк спектар на производи и услуги. Специјализирани сме за колење на крупниот и ситниот добиток, за сопствени потреби и како дел од услужната дејност. Нашата производна линија вклучува свежо јагнешко, говедско и свинско месо во различни форми, преработки од месо, замрзнати месни производи и сувомеснати производи.

Дополнително, витален дел од бизнисот е извозот на јагнешко месо, со над 40 проценти од вкупниот извоз на јагнешко месо во Северна Македонија. Нашиот сертификат за извоз, MK 12 01 0243, ни овозможува извоз на јагнешко месо во земјите од ЕУ, како: Хрватска, Италија, Грција, Бугарија и во трети земји.

ronibet-clubeconomy

СВЕЖО МЕСО - 100% ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО

Децениската традиција на Месна индустрија РОНИБЕТ, во комбинација со најсовремените технологии во производство на свежо месо е добитна комбинација за квалитет кој успешно го пласираме од 1960 година. Во богатата палета на свежо месо ги вбројуваме јагнешко, јунешко, свинско и пилешко месо препознатливо по единствениот вкус, со потекло од домашни фарми и органски одгледано, за да ги задоволи сетилата за вкус и на најпребрливите гурмани.

• Свежо јагнешко месо

• Свежо јунешко месо

• Свежо свинско месо

• Свежи подготовки од месо

• Свежо пакувано месо

ronibet-clubeconomy
ronibet-clubeconomy

СВЕЖО СМРЗНАТО МЕСО - 100% ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО

Нашиот рецепт е свежината на свинското, јунешкото и пилешкото месо одгледано во домашни фарми, да се задржи во свежо замрзнатите месни производи. Овие производи се произведени според највисоките HACCP и HALAL стандарди, пакувани се во нашиот погон и веќе се широко прифатени на пазарот.

• Македонски ќебапи

• Македонски јунешки ќебапи

• Македонски плескавици

• Македонски јунешки плескавици

• Македонски домашни колбаси

• Македонски пилешки колбаси

• Македонско мешано мелено месо

• Македонско јунешко мелено месо

ДОМАШНИ СУВОМЕСНИ ПРОИЗВОДИ - 100% ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО

Свежото месо од домашни фарми, произведено во нашата кланица го комбиниравме со децениското искуство во месната индустрија, го зачинивме со љубов и квалитет и добивме премиум сувомесни производи. Свомесните деликатеси се направени по традиционални рецепти, исклучиво со природни зачини и се одликуваат со препознатлив вкус, неспорен квалитет и уникатна разновидност.

• Димена свинска печеница

• Димена хамбуршка сланина

• Димен свински врат

• Свинска шунка Деликатес & Мини

• Пилешки гради & Мини

• Крањски димен колбас

• Сремски димен колбас

• Ронибет димен колбас „пикант“

• Јунешки димен колбас

• Пилешки димен колбас

ronibet-clubeconomy

Што нè прави различни од другите?

РОНИБЕТ месото потекнува исклучиво од домашни фарми

Секое парче РОНИБЕТ месо е добиено од сопствената кланица

Сите РОНИБЕТ производи се направени исклучиво од свежо месо

Месните производи се направени според традиционална рецептура

Користиме 100% природни зачини во производството на месни производи

РОНИБЕТ ќебапите се направени по рецептура постара од 100 години

Димените производи се димени на природен начин со користење на буково дрво, без додавање на вештачки бои и ароми.

ronibet-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Климент Охридски бр. 45, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-а Милка


Мапа