Filters
Пребарување
РИТАМ ТРЕЈД доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата РИТАМ ТРЕЈД се занимава со:

Продажба и монтажа на ламинатни подови и паркет
Продажба и изведба спуштени плафони
Продажба и изведба на Lexan
Продажба и изведба на Wedi
Системи за изолација
Продажба и изведба на системи за сува градба (гипс картон, профили)
Продажба на кровни прозорци VELUX

РИТАМ ТРЕЈД доо

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

РИТАМ ТРЕЈД

РИТАМ ТРЕЈД ДОО Скопје е основана во 2010 година, со заедничко вложување на РИТАМ ИНЖИНЕРИНГ ДОО Белград и АРТ ФЛООРИНГ ДОО Скопје

  • • Продажба и изведба на системи за сува градба ( гипс картон, профили )

  • • Продажба и изведба спуштени плафони

  • • Продажба и изведба на Lexan

  • • Продажба и изведба на Wedi

  • • Системи за изолација

  • • Продажба и монтажа на ламинатни подови и паркет

ritam-trejd-clubeconomy
СИСТЕМИ ЗА СУВА ГРАДБА

Под систем за сува градба спаѓаат гипс картон плочи, прегради, монолитни плафони и сув естрих, системи за противпожарна заштита, акустични решенија за звучна изолација , системи за заштита од штетни зрачења... Со нашата техничка поддршка со сигурност лесно ќе пронајдете решение за Вашиот станбен, деловен или производен простор. Сите производи во нашата понуда се со технички листови и атести, а потекнуваат од реномирани европски производители, како Кnauf, Riggips...

СПУШТЕНИ ПЛАФОНИ

Доколку имате потреба Вашиот простор да го оплемените или реновирате Ви стоиме на располагање со нашата понуда и со изведба и продажба на плафони од минерални, гипсани, метални или дрвени плочи на водечките европски производители. Нудиме голем избор на димензии и дезени на плочи, системи за потконструкции со широка примена во домови, деловни простории, училници, сали, болници... За сите видови плафони поседуваме сертификати за квалитет, звучна абсорпција и противпожарна заштита.

ПРОДАЖБА И ИЗВЕДБА НА LEXAN

Lexan е поликарбонатна плоча која придонесува за заштеда на енергија и има одлични механички карактеристики.Идеален е како материјал за застаклување како и за замена на постоечки застаклени површини.Има широко поле на примена од зимски градини и светларници до настрешници и пластеници, трговски центри, спортски стадиони , базени... Во нашата понуда е застапен Lexan-от од лидерот во производството на поликарбонатни плочи Sabic Innovative Plastic.

ПРОДАЖБА И ИЗВЕДБА НА WEDI

Wedi плочите се изработуваат од екструдиран тврд полистирен кој е обострано армиран со мрежа од стаклени влакна преку која има слој цемент.Ова ја прави Wedi плочата идеална како подлога за плочки.Овие плочи се 100% водо непропустливи и се одличен термоизолатор што го намалуваат протокот на пареа, се со мала тежина и лесни за вградување.

ЛАМИНАТНИ ПОДОВИ И ПАРКЕТ

Во нашата понуда на подови ќе пронајдете и повеќе видови на паркети и тоа: класични паркети (бука,храст,јасен...) од врвни домашни и странски производители, па се до најновиот тренд - трослојни паркети од лидерите во таа област Tarkett, Barlinek...

СИСТЕМИ ЗА ИЗОЛАЦИЈА

Светски тренд е новоградбата да е со што подобра термо изолација со што би се заштедила енергија за ладење и греење.Согласно ова, се повеќе и кај нас се градат нискоенергетски или пасивни куќи. Оттука правилно поставената изолација и правилното поставување на паро пропусните фолии, значително влијаат на целокупната изолација на објектот. Добро изведената изолација значи да нема потреба од грејни и разладувачки уреди.

КРОВНИ ПРОЗОРИ

Застапници сме и за VELUX кровните прозорци кои нудат комплетното решение кое ги содржи сите производи кои Ви се потребни да можете максимално да уживате во својот простор - кровни прозори, опшивки, термо и хидроизолационен сет...

ДЕКИНГ

Ексклузивен увозник на материјали за декинг од Savadeck (Србија) за Република Македонија. Се што ви треба за декинг на едно место!

ВРАТИ

Новитет во нашата понуда се врати од српскиот бренд Porta Royal, кои нудат голема селекција и иновативни решенија за секој простор и според вашите потреби.

ritam-trejd-clubeconomy
ritam-trejd-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Козле бр. 91, локал 2, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/3222 519

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи