Filters
Пребарување
РЕХАУ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

РЕХАУ е германска компанија која со децении е водечки светски бренд за создавање на системски решенија, засновани на полимери во градежниот, автомобилскиот и индустрискиот сектор.

Во Македонија најголема примена од производите на РЕХАУ имаат: профили за прозорци и врати, системи за површинско греење и ладење, системи за водовод во објекти.

Подетално за компанијата

РЕХАУ Дооел Скопје, е една од 170те локации на РЕХАУ Групацијата, присутни во 54 земји низ целиот свет. Во составот РЕХАУ Дооел, се преставништвата во Приштина и Тирана, надлежни за пазарот во Косово и Албанија. Во нашето деловно работење активни сме во областа на: прозорски решенија, решенија за водовод, решенија за греење и ладење во објекти, канализациски и водоводни системи, решенија за производство за мебел, градинарски црева.

Водени од глобалната визија на РЕХАУ, да се создаваат решенија кои ќе го направат животот подобар, успеваме да го одржиме нашето место на пазарот, како понудувач на целосни системски решенија и подршка при проектирање и одржување на истите, секогаш насочени кон потребите на нашите партнери и крајни корисници.

SYNEGO

PVC профил за прозорци и врати

Со СИНЕГО, Вашиот дом станува топол, пријатен и безбеден: Во споредба со актуелните стандардни прозорци, SYNEGO може да достигне до 50 % поголема топлинска изолација со Uw вредност до 0,65 W / m²K.

ВИДИ ПОВЕЌЕ ЗА SYNEGO ПРЕВЗЕМИ КАТАЛОГ
rehau-clubeconomy
rehau-clubeconomy

SYNEGO Slide

Профили за лизгачки прозорци и врати

Повеќе простор за живеење.

Кога го планирате вашиот станбен простор - без оглед дали станува збор за нова градба или реновирање – имате можност да создадете повеќе простор со модерен концепт за живеење. Лизгачките прозорци, изработени со профилот СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE) овозможуваат прозорски отвори, кои заштедуваат простор, истовремено создавајќи одличен спој помеѓу внатре и надвор. Притоа се исклучително лесни движење.

ВИДИ ПОВЕЌЕ ЗА SYNEGO Slide ПРЕВЗЕМИ КАТАЛОГ

RAU FIPRO X

RAU FIPRO профил за прозорци и врати

RAU FIPRO X e создаден од композитен материјал, засилен со стаклени влакна. На тој начин, прозорските елементи достигнуваат стабилност и на висина од 2,80 м и може да се реализираат функционално и безбедно.

Резултат: уште повеќе природна светлина и поголема архитектонска слобода за пријатно чувство за домот. Исклучително тенките профили дополнително ги зголемуваат прозорските површини.

ВИДИ ПОВЕЌЕ ЗА RAU FIPRO X ПРЕВЗЕМИ КАТАЛОГ
rehau-clubeconomy
rehau-clubeconomy

RAUTITAN

Повеќе од само инсталација за вода

Водата може да направи повеќе отколку само да тече низ водоводот. РЕХАУ ги искомбинира повеќедецениското искуство и иновативните материјали во ефикасен систем: Системот РАУТИТАН се залага за повеќе квалитет, хигиена, безбедност и притоа помала потрошувачка на енергијата.

Очекувајте повеќе од инсталацијата за вода – со РЕХАУ и системот за вода за пиење РАУТИТАН.

ВИДИ ПОВЕЌЕ ЗА RAUTITAN ПРЕВЗЕМИ КАТАЛОГ

RAUTHERM

Систем за подно греење и ладење

Околу 90 % од времето го поминуваме во затворен простор. Соодветната амбиентална температура во голем дел го создава квалитетот на животот. Треба ли да се откажеме пријатноста и удобноста?

Системот за подно греење и ладење на РЕХАУ обезбедува рамномерна распределба на топлината во целата просторија. За разлика од поединечните радијатори, подното греење рамномерно ја загрева просторијата на начин што топлината се дистрибуира насекаде со што не се создаваат студени или премногу топли зони. Очекувајте пријатна клима во просторијата – без оглед каде стоите или седите.

ВИДИ ПОВЕЌЕ ЗА RAUTHERM
rehau-clubeconomy
rehau-clubeconomy

RAUPIANO Plus

Тивка одводна инсталација

Нашиот систем на звучно-изолирани цевки РАУПИАНО ПЛУС, е со ниво на звук од само 17 db(A)* под бараните вредности од Директивата VDI 4100 за звучна изолација. Потивко од шепот, бидејќи сите компоненти – цевките, спојните елементи и технологијата на прицврстување – придонесуваат РАУПИАНО ПЛУС да функционира без бучава.

ВИДИ ПОВЕЌЕ ЗА RAUPIANO Plus ПРЕВЗЕМИ КАТАЛОГ
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Борис Трајковски бр. 7 Б,
1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Павлина Блажевска


Мапа