Filters
Пребарување
ПРО ДОРС ДООЕЛ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата PRO DOORS се занимава со производство на:

- Гаражни сегментни врати со автоматика за отворање
- Сегментни врати за сервиси и други индустриски објекти, со автоматика за отворање

Подетално за компанијата

Компанијата PRO DOORS од Скопје се занимава со производство на гаражни сегментни врати со автоматика за отворање и сегментни врати за сервиси и други индустриски објекти, со автоматика за отворање. Вратите ги произведуваме од термо сендвич панели со врвен квалитет, од европско производство, од каде всушност го увезуваме и целиот оков и системите за отворање и затворање.

pro-doors-clubeconomy
pro-doors-clubeconomy

Вратите се максимално безбедни, лесни за ракување, имаат висок степен на термо и звучна изолација, потоа имаат исклучително модерен дизајн и можност во нив да се вградат проѕирни сегменти како прозори, од стакло или плексиглас. Во нашата понуда се опфатени неколку бои на панели, а имаме и широка понуда на украсни елементи од прохром. За вратите што ги изработуваме даваме две година гаранција за моторот и системот за отворање и три години за панелот.

Во PRO DOORS можеме да произведеме сегментирана гаражна врата со должина до 6,5 метри и сите имаат систем за отворање со далечински управувач од надвор и од внатре, како и систем за рачно отворање. Нашите сегментирани врати заради големата палета на материјали за нивна изработка, имаат голема флексибилност и затоа се погодни за сите видови сервиси и други индустриски објекти. Монтажа на мотори на клизни и крилни врати - капии. За сите наши производи обезбедуваме монтажа, сервис и резервни делови.

pro-doors-clubeconomy
pro-doors-clubeconomy
pro-doors-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 18, бр. 30, Радишани, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)71/312 132

Социјални медиуми

Лице за контакт