Filters
Пребарување
ПАМАК дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ПАМАК се занимава со производство и продажба на хотелски и угостителски текстил

- Постелнини
- Чаршафи за маси од висококвалитетен дамаст
- Салвети

КЛАСИЧНОТО Е СЕКОГАШ УБАВО!

Подетално за компанијата

ПАМАК

Станете дел од семејството на хотели и угостителски објекти чии задоволни и одморни гости потврдуваат зошто компанијата ПАМАК дооел Скопје, е најдобра во областа на хотелскиот и угостителскиот текстил.

pamak-clubeconomy

ЗА ЗАДОВОЛСТВОТО ДА БИДЕ КОМПЛЕТНО

Сигурно секогаш се прашувате: Што е тоа што на гостинот ќе му остави впечаток и задоволен ќе го напушти хотелот? Постојат многу фактори: амбиентот, услугата..., но размислете. Каде гостинот најмногу го поминува времето при престојот во Вашиот хотел? Со кои работи доаѓа во директен контакт? И на крај, кое место после напорниот ден му ја дава саканата интима? Одговорот е едноставен. Се додека гостинот не ја почувствува свежата и мека постелнина и не заспие на удобната перница, чувството на задоволство нема да биде комплетно.

Главна задача на сите хотелиери е: Да ги одушеват своите гости со раскошно опремена постела!

pamak-clubeconomy
pamak-clubeconomy
pamak-clubeconomy

РАСКОШ И УБАВИНА

Покрај тоа што хотелскиот текстил дава раскош и убавина, во современото хотелиерство се повеќе се става акцент и врз неговата димензија, од аспект на економичноста и функционалноста. Специфичноста на хотелскиот текстил се гледа во тоа што трпи висок степен на експлоатација и со своите технички особини мора да одговара на тие услови. Тканината мора да биде исткаена од квалитетни предена, со одредена густина и на соодветен начин доработена, за да може да издрж агресивни механичко-хемиски влијанија.

ПРОИЗВОДСТВО

За производство на нашите постелнини и столни програми користиме високо квалитетни тканини од реномирани производители. Сите материјали кои ги употребуваме одговараат на високите стандарди пропишани за хотелиерство и угостителство. Главни карактеристики на нашите производи се: долговечност, одлични завршни експлоататорски карактеристики, вкључувајќи ја доработката и изработката.

Постелнините ги изработуваме според дадените димензии од Ваша страна.

pamak-clubeconomy
pamak-clubeconomy

Хотели и ресторани кои сме ги опремиле:

ГАРДЕНИА –Велес, Хотел РОМАНТИКА - Велес, Ресторан ДАЛМА, САЛИДА - Прилеп, Хотел ТИНО, Казино ПРИНЦ – Гевгелија, ФУРНА, Ресторан ЏИНО, ДЕН И НОЌ, СЕТКОМ ИНТЕРНАЦИОНАЛ, ПОПОВА КУЛА – Демир Капија, Хотел ОАЗА – Штип, ПАРК - Гиновци, Ресторан СТОБИ...

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Жданец бр. 33 б, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи