НОВО!
Од сега во секој маркет МЛЕЧЕН ПАТ мешано ,кравјо, или овчо сирење во канче со пресол од 1кг. Секогаш свежо и секогаш природно.
Подетално за компанијата
МЛЕЧЕН ПАТ
Млекарата МЛЕЧЕН ПАТ се наоѓа во тиквешкиот регион, во Кавадарци и важи за прва млекара во Тиквешијата. Млекара МЛЕЧЕН ПАТ ги произведува сите видови кашкавал, бело сирење и урда од кравјо и овчо млеко. Производите од Млекара МЛЕЧЕН ПАТ се направени на традиционален начин и претставуваат 100% млечен и 100% природен производ. Млекото го купуваме исклучиво од кооперанти со кои имаме воспоставено долгогодишна соработка, чии фарми се строго контролирани и кои гарантираат за квалитетот на кравјото и овчото млеко што ни го продаваат. Сепак, за да бидеме сигурни, во МЛЕЧЕН ПАТ секојдневно се прават анализи на млекото што влегува во производниот процес.
ПРОИЗВОДИ
Млекарата МЛЕЧЕН ПАТ е веќе добро познат бренд на пазарот во тиквешкиот регион и тоа по висококвалитетниот кравји, овчи и мешан кашкавал, како и по белото сирење кое го произведуваме од овчо и кравјо млеко и како мешано бело сирење. Специфичниот вкус на нашите производи се добива со користење на традиционалната технологија за производство на сирење и кашкавал, но и од фактот што покрај оваа технологија во производството користиме само млеко, без да употребуваме адитиви, конзерванси, други видови масти, додатоци за интензивирање на мирисот и вкусот или за забрзување на процесот. Едноставно се водиме од идеата на потрошувачите да им понудиме сирење, кашкавал и урда исти како што ги правеле и јаделе нашите прабаби и прадедовци.
HACCP стандарди
Имплементиран систем за управување со безбедност на производите по најновите HAССP стандарди.
Направете го вистинскиот избор. 100% млечни производи, за здрав и вкусен оброк!
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Моша Пијаде бр. 26, 1430 Кавадарци
Град: Кавадарци
Држава: Македонија