Filters
Пребарување
МИНОЛ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

МИНОЛ е петрохемиска компанија која се занимава со производство на масла

- Моторни масла
- Трансмисиони масла
- Индустриски масла
- Антифриз

МИНОЛ ги поседува сите потребни дозволи за собирање, складирање и транспорт на опасен отпад и е водечка компанија во Македонија во оваа област.

Подетално за компанијата

Компанијата МИНОЛ дооел Штип произведува масла за сите видови мотори со внатрешно согорување, потоа трансмисиони масла за мануелни и автоматски менувачи, индустриски масла и антифриз. Во фабриката постоја автоматски и полуавтоматски линии за производство и пакување на производите, со големини од 1 па се до 200 литри. Во рамките на фабриката делува и лабораторија за испитување на квалитетот на моторните масла.

minol-clubeconomy

МИНОЛ дооел Штип е петрохемиска компанија која е основана 1992 година. Првите две година главна дејност ни беше трговија со нафтени деривати со бившите ЈУ републики, а од 1994 година почнавме со сопствено производство на моторни и индустриски масла. Фабриката за производство на моторни и индустриски масла е лоцирана на 6-ти километар од Штип, на регионалниот пат Штип – Струмица. Фабриката е со корисна површина од 5.000 м2 и ги исполнува сите еколошки и производствени стандарди за производство на моторни и индустриски масла.

minol-clubeconomy

МИНОЛ дооел Штип ги поседува сите потребни дозволи за собирање, складирање и транспорт на опасен отпад и е водечка компанија во Македонија во оваа област. Располагаме со складишен простор (метални цистерни) од 1.000 m 3 . Превземањето на опасниот отпад го вршиме со сопствени возила со ADR лиценца. По превземањето и складирањето, опасниот отпад безбедно се извезува во земјите од ЕУ. Во моментов имаме склучено договори за превземање на опасен отпад со повеќе од 500 компании.

minol-clubeconomy
minol-clubeconomy
minol-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: М-6 м.в. 8ми километар бб, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт