Изработка на декоративни ѕидови
• Изработка на декоративни ѕидни техники со природни материјали
• Уникатни и персонализирани дизајни
• Различни бои, форми и текстури, со голема цврстина и отпорност на абење.
Подетално за компанијата
МИКИ ВЕЛ
Компанијата МИКИ ВЕЛ дооел се занимава со изведување на секаков вид работи во објекти од високоградбата и нискоградбата, изведување на јавни и индустриски објекти, проектирање, инженеринг и консалтинг. Одличната техничка опременост на компанијата, најсовремената технологија за градење и употребата на најдобрите материјали обезбедуваат висок квалитет на изведбата, со оптимални цени.
ПРЕПОЗНАТЛИВ БРЕНД
Фирмата МИКИ ВЕЛ е формирана во 2007 година. Поседуваме големо искуство во изградба на деловно станбени објекти и сите работи можеме да ги изведуваме во согласност со европските стандарди. Овие години успеавме да создадеме препознатлив бренд, што заедно со квалитетот не издвојува како градежна компанија со традиција. Нашата деловна политика е насочена кон максимално подигање на нивото на градба и задоволување на барањата на купувачите, со гаранција за високиот квалитет и целосната правна сигурност.
„КЛУЧ НА РАКА“
МИКИ ВЕЛ дооел од Велес изведува градежни и завршни работи во сите видови градежни објекти: земјени работи, бетонски работи, армирање, ѕидарски работи, тесарски работи, кровопокривачки работи, занаетчиски работи, инсталатерски работи, опремување на објекти. Изведуваме целосни градежни работи, по принципот „клуч на рака“, реконструкција, санација и адаптација на објекти во високоградба.
ЛИЦЕНЦИ
Отворени сме кон новите технологии, методите и начините на усовршување на проектирањето и изградбата. Компанијата ги има сите потребни лиценци за изградба на објекти од високо и ниско градбата. Посебно сме поносни на станбените згради што ги изградивме во Велес и во Скопје, кои ги добија највисоките оценки од жителите на овие два града.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Рилски Конгрес бр. 10, 1400 Велес
Град: Велес
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт
Г-дин Лазар