Filters
Пребарување
МКРОБИН

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата MCROBIN се занимава со производство на солени и слатки грицки под брендот Opss и Chips King:

- Пченкарен флипс со повеќе вкусови
- Пченкарен чипс со повеќе вкусови

- Пржени и солени кикиритки
- Пуканки
- Ролс вафли со какао крем, со вкус на лешник, кафе, кокос и вишна
- Трилече

СЕРТИФИКАТИ

HACCP

Подетално за компанијата

MCROBIN

Компанијата MCROBIN од Гостивар е формирана во 2006 година, кога на пазарот е лансиран нејзиниот прв производ – Флипс од пченкарен гриз, кој денес е познат под заштитната марка Chips King. Со текот на годините постојано ја проширувавме палетата на производи, додавајќи нови и нови вкусови и денес може да се пофалиме дека имаме производи за сечиј вкус и за сите генерации.

Види повеќе
mc-robin-clubeconomy

Opss и Chips King

Денес производите на MCROBIN на пазарот се пласираат под два бренда: Opss и Chips King, во повеќе варианти и тоа како флипс со вкус на кикиритки, пченка, кечап, лута пиперка, тако, сирење, пилешко, флипс со играчки, потоа пелет чипс со повеќе вкусови. Од 2010 година започнавме со производство на пуканки и пржени и солени кикиритки, исто така под брендот Opss.

mc-robin-clubeconomy

СЛАТКА ПРОГРАМА

Определбата постојано да креираме нови производи во 2016 година резултираше да влеземе во производство на таканаречена слатка програма, која опфаќа повеќе видови Ролс вафли со различни вкусови и различни пакувања. Роло вафлите се со чоколадно полнење, потоа со полнење со вкус на лешник, кафе, кокос и вишна.

mc-robin-clubeconomy

ПРОИЗВОДСТВО

MCROBIN денес има широка палета на производи со околу 50 типови на пакувања и е меѓу лидерите во прехранбената индустрија на македонскиот пазар. Добри резултати остваруваме и на странските пазари, каде пласираме 48 проценти од вкупното производство, а најмногу сме присутни во Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Грција,Романија, Бугарија, Црна Гора, Унгарија, Германија, САД...

mc-robin-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Индустриска зона, село Здуње, 1230 Гостивар
Град: Гостивар
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа