Filters
Пребарување
МАТИВА / МИПИ ПАК

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

МИПИ ПАК се занимава со производство на транспортни кутии од бел и кафеав брановиден картон. Изработуваме кутии од трослоен и петтослоен картон, со можност за производство по нарачка, во различни форми, димензии и модели (стандардни, со капак, печатени со лого и специјални индустриски решенија).

МАТИВА дооел е компанија која се занимава со производство на етикети за текстилната индустрија. МАТИВА има голем капацитет за везење и производство на секакви видови етикети за текстилната индустрија, како и изработка на секаков вид печат, почнувајќи од сито,па се до дигитален принт. 
ЗА ВАШИОТ ДИЗАЈН, НАШАТА ПРЕЦИЗНОСТ. 
Нарачај текстилни етикети, везење или принт изработени по европски стандарди и со OEKO-TEX сертифицирани материјали.

МАТИВА / МИПИ ПАК

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Компанијата МИПИ ПАК се занимава со производство на транспортни кутии од брановиден бел и кафеав картон, достапни во сите димензии и дебелини на картон, според потребите на клиентите. Изработуваме кутии од трослоен и петтослоен картон со можност за производство по нарачка, во различни форми и модели: стандардни кутии, кутии со капак, печатени со лого, а изработуваме и специјални индустриски решенија.

mativa-mipi-pak-clubeconomy
mativa-mipi-pak-clubeconomy

Кутиите на МИПИ ПАК се наменети за транспорт, складирање и пакување на различни производи, обезбедувајќи високо ниво на заштита, стабилност и издржливост. Производството се одвива со модерни машини и современа технологија, употребуваме исклучиво квалитетни материјали што се заедно ни дава можност да гарантираме максимална прецизност, брза испорака и можност за мали и големи серии.

МАТИВА дооел е компанија која се занимава со производство на секаков вид етикети за текстилната индустрија, везење на автоматски машини изработка на везови, како и изработка на секаков вид печат, почнувајќи од сито, па се до дигитален принт.

МАТИВА е основана во 2005 година. Започнавме со производство на етикети за текстилната индустрија. Постојано инвестиравме во осовременување и зголемување на производството, а следниот чекор беше набавка на автоматски машини за везење и изработка на везови, сегмент во кој со максимална прецизност изработуваме и најкомплицирани дизајни. Почнавме да работиме и со CAD систем, односно изработка на базни шаблони и шаблонски ленти за кроење во текстилната индустрија. Во 2015 година МАТИВА започнува и со печатење на секаков вид текстил.

mativa-mipi-pak-clubeconomy

Денес МАТИВА поседува огромен капацитет за везење и производство на етикети за текстилната индустрија и изработува секаков вид на принт, почнувајќи од сито печат, па се до дигитален принт. Во нашето производство користиме исклучиво врвни материјали и репроматеријали од светски познати добавувачи, со што достигнуваме висок квалитет на се што нудиме.

mativa-mipi-pak-clubeconomy
mativa-mipi-pak-clubeconomy

Сите наши производи се произведени по европски стандарди и со OEKO-TEX сертификати, а ова го постигнуваме со континуирано инвестирање во нови и посовремени дигитализирани машини.

Нарачајте текстилни етикети, везење или принт изработени по европски стандарди, со OEKO-TEX сертифицирани материјали.

ЗА ВАШИОТ ДИЗАЈН, НАШАТА ПРЕЦИЗНОСТ.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Гоце Делчев бр. 149, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Ивана Герасимов, Петар Хаџистојанов


Мапа