Filters
Пребарување
ЈУС МБ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ЈУС МБ е трговска компанија која се занимава со увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, со посебен акцент на прехранбени производи.

ЈУС МБ е официјален и единствен увозник и дистрибутер во Македонија за кондиторската прорама ПИОНИР, програмата за брашно и тестенини СЕНТЕЛА, сончогледовото масло СУНЦЕ и програмите ДАНКА и НОВАКО за замрзнат помфрит.

ЈУС МБ на пазарот настапува и со сопствени приватни марки и тоа под брендот ЈУС МБ за пакуван грав, ориз и шеќер, потоа брендот GOLD за замрзнато пилешко месо и замрзната риба, GOLD туна и сардини во масло и GOLD слатко од костени. Портфолиото на производи го сочинуваат и производите од замрзнато говедско месо.

GOLD панирани производи.

Подетално за компанијата

ЈУС МБ е трговска компанија која се занимава со дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, со посебен акцент на прехранбени производи. Компанијата е основана во 1992 година. Почнавме како мала семејна фирма и од самиот почеток практикуваме континуирано вложување во своите вработени, имплементација на современи стандарди и професионализација на работењето. Сето ова придонесе да израстеме во современа компанија со сопствен дистрибутивен центар од најсовремен ранг.

jus-mb-clubeconomy
jus-mb-clubeconomy

ЈУС МБ денес е компанија која располага со дистрибутивен центар кој се простира на 30.000 м², од кои деловен простор се 860 м², магацински простор од 6.000 м² и паркинг. Од магацинскиот простор 4.500 м² се класичен магацин, а ладилните комори и делот за пакување се околу 1.500 м². Во магацинскиот простор достапни се 4.128 палетни места, додека во ладилните комори има 2.160 палетни места. Приемот и испораката на производите се врши од 13 високопрофесионални рампи. Делот што работи под посебен температурен режим се состои од три софистицирани комори, изградени по најнови стандарди и истите се наменети за складирање на месо, месни производи и смрзната храна.

Дистрибутивната мрежа секојдневно опфаќа над 150 локации на целокупната територија низ државата. Наша заедничка цел е да се овозможи навремено, квалитетно и ефикасно сервисирање до сите клиенти. Дистрибуцијата се врши секојдневно со вкупно 32 возила, а во текот на една година возниот парк на ЈУС МБ врши испорака на производи до 1500 купувачи.

ЈУС МБ е единствен дистрибутер во земјата за програмата за кондиторски производи ПИОНИР, програмата за брашно и тестенини СЕНТЕЛА и сончогледовото масло СУНЦЕ. ЈУС МБ на пазарот настапува и со сопствени брендови на пакуван граф, ориз и шекер, потоа брендот GOLD за смрзнато пилечко месо и смрзната риба, конзервите GOLD - туна и сардини во масло, GOLD слатко од костени и помфритот ДАНКА.

jus-mb-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Ибрахим Кроси бр. 24, Сарај, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи