Хотел Сириус Spa & Wellness - Пријатен престој, одмор, забава и релаксација преку целата година

Хотел Сириус Spa & Wellness - Струмица е лоциран во Југоисточниот регион на Република Македонија, во мирна и тивка средина, на само 1,5 км од центарот на Струмица, 160 км од Скопје, 30 км од макодонско-грчката и 20 км од македонско-бугарската граница. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.
Најдобар избор за сместување
Хотелот Сириус има 116 модерно опремени соби. Собите имаат тераси со поглед кон блиската планина и убаво уредениот парк и базените. Сите соби се опремени со: безжичен интернет, кабловска телевизија, директна телефонска линија, мини бар, фен за коса.