Подетално за компанијата
Компанијата ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ од Прилеп се занимава со изведба на завршни работи во градежништвото, како и со продажба на материјали за завршни работи во градежништвото во нејзиниот продажен салон ХЕП БАУЦЕНТАР. Посебна специјалност на ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ е изведба на сите видови хидроизолации и поставување на епоксидни и други видови подови.
ХИДРОИЗОЛАЦИИ
Тимот на ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ ги изведува сите видови хидроизолации на рамни покриви, темели, подрумски простории, индустриски објекти, гаражи, базени... Како материјали користиме ПВЦ фолии, епоксидни смоли, битуменски ленти и редица други системи, следејќи ги сите новитети на пазарот во оваа област. Користиме исклучиво квалитетни материјали, што ни овозможува за сите работи кои ги изведуваме да дадеме соодветна гаранција, како за новоизградените објекти, така и за делумната и целосната санација на хидроизолацијата.
ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ е единствената компанија во Македонија која езведува хидроизолација со таканаречениот метод на ТПО мембрана, односно термопластична полиолефин фолија каја е соединение на синтетичка гума и полипропилен и има исклучителни својства, особено за рамни покриви.
ПОДОВИ
Втората специјалност на ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ е изведување подни овлоги на индустриски хали, спортски објекти, училишта, градинки, деловни и станбени објекти. Во нашата понуда е изведба на сите видови епоксидни подови, саморазливни системи, противлизгачки епоксидни подови, премази. Потоа се занимаваме и со поставување на подни облоги, како што се сите видови ПВЦ подови, линолеум, ламинати од програмата на TARKETT и GRABOPLAST.
ХЕП БАУЦЕНТАР
Продажниот салон ХЕП БАУЦЕНТАР, кој работи во состав на ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ располага со сите видови материјали за изведување завршни работи во градежништвото, од домашни и странски производители. Покрај материјали за хидроизолација и за изведување подови имаме и палета на фасадни системи и палета за ентериено уредување.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Филип Втори бр 2, 7524 Кривогаштани, Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија