Filters
Пребарување
ГТМ КОМПАНИ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ГТМ КОМПАНИ се занимава со трговија на големо и мало, производство, увоз и извоз на текстил и текстилни производи. Располагаме со широка лепеза на материјали: памук, свила, волна, вискоза, сомот, чоја, предено..., со различен квалитет, за сечиј вкус од познати светски брендови.

Магацин во ктугот на поранешната фабрика МАКЕДОНКА, продавница на Ул. Христијан Тодоровски Карпош бр. 5

ГТМ КОМПАНИ дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ГТМ КОМПАНИ дооел Штип е текстилна комнаија која се занимава со трговија, производство, увоз и извоз на текстил и текстилни производи на големо и мало. Изборот на текстилни материјали е огромен, разновиден, со различен квалитет и за сечиј вкус од познати светски имиња. Во лепезата на материјали може да се најдат памук, свила, волна, вискоза, сомот, чоја, предено и уште многу други материјали.

gtm-company-clubeconomy
gtm-company-clubeconomy

Тимот на ГТМ КОМПАНИ е специјализиран за купување на резидуални материјали од производството на голем број познати европски дизајнери и производители на текстил во Италија, Франција, Германија, Австрија и Грција. Резидуалните материјали што ги нудиме во нашиот магацин се со многу висок квалитет, дизајн според најновите модни трендови и претставуваат вистинско освежување за македонскиот пазар со текстил. Во магацинот на ГТМ КОМПАНИ во секој момент имаме по околу 250 тони или повеќе од милион метри различни видиви резидуален текстил.

Работејќи со резидуален текстил од големите светски текстилни компании, кој доколку повторно не го најде патот до пазарот ќе заврши на депонија, во ГТМ КОМПАНИ придонесуваме и за заштита на животната средина, особено ако се има предвид колку отпад има во текстилната индустрија. Затоа креирањето и производството на прекрасни кафтани од овие текстилни остатоци е многу значајно за екологијата и секако одлична забава.

gtm-company-clubeconomy
ГТМ КОМПАНИ покрај резидуалниот текстил, нуди и најразлични готови текстилни производи, од текстил за домување, до облека за деца и за сите возрасти.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Христијан Тодоровски Карпош бр. 5, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)70/546 921

Социјални медиуми

Лице за контакт

Ѓоко Штерјов


Мапа