Filters
Пребарување
ГАБЕВ ФРИГО

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ГАБЕВ ФРИГО се занимава со продажба и монтажа на опрема за ладење:

- Чилери за ладење на вино и контрола на температура во ферментатори
- Комори за ладење на месо
- Комори за ладење на грозје

Подетално за компанијата

Компанијата ГАБЕВ ФРИГО од Кавадарци се занимава со продажба и монтажа на опрема за ладилници. Чилери за ладење на вино и контрола на температура во ферментаторите, комори за ладење и за смрзнување на месо, комори за чување под посебен режим на ладење на овошје и зеленчук. Опремата што ја увезуваме ја инсталираме во објекти од прехранбената, хемиската и винарската индустрија, во индустријата за преработка на млеко, месо, како и во поголеми трговски и угостителски објекти.

gabev-frigo-clubeconomy
gabev-frigo-clubeconomy

На македонскиот пазар за фриго опрема ГАБЕВ ФРИГО постои од 1997 година. Веќе подолг период сме претставници на турската компанија AREF, која произведува чилери од 3 KW до 1 MW. Воедно, располагаме со целата опрема за изградба и монтажа на ладилни комори од мал, среден и голем капацитет.

Значаен сегмент на сите системи и комори за ладење и смрзнување се и компресорските системи. Заради тоа во ГАБЕВ ФРИГО работиме исклучиво со квалитетни и докажани европски брендови, како: Danfoss, Bitzer, Dorin и Copeland. За целата опрема што ја вградуваме обезбедуваме сервис и резервни делови.

gabev-frigo-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Гоце Делчев бр. 19, 1430 Кавадарци
Град: Кавадарци
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)70/218 917

Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-дин Митко Габев


Мапа