Професионална опрема произведена по најнови технологии и стандарди. Нашите производи се направени од квалитетни материјали и компоненти од познати брендови.
Подетално за компанијата
Fortis® е бренд на нова, високо квалитетна, професионална опрема наменета за ресторани, пекарници, слаткарници, HoReCa секторот, како и на помошна опрема за сите гранки на прехранбената индустрија.
Водени од сопственото долгогодишно искуство во прехранбената индустрија, го создадовме брендот Fortis® кој директно ги рефлектира потребите на угостителските објекти и производствените погони од квалитетна опрема која е по пристапни цени, задоволувајќи ги најсовремените светски стандарди за квалитет и хигиена.
Зошто да се одлучите за Fortis®?
• Максимална посветеност кон клиентите
• Бесплатно проектирање и советување
• Квалитетна опрема по најдобри цени
• Експресна испорака од лагер за 48-72 часа
• Комплетна обука за персоналот
• Fortis® премиум гаранција
• Сопствен експедитивен сервис и поддршка
ПРОЕКТИРАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНА КУЈНА
Соодветниот дизајн, организација, оптимизација и опремувањето на професионална кујна е најважен процес при отворање на угостителски објект. Kујната е централна зона на еден угостителски објект. Како таква, просторно и трошковно претставува најголема зона и вработува најголем број луѓе.
Тимот на Fortis® Ви нуди комплетна консултација и поддршка во целиот процес. Од идеја и желба – до реализација, пуштање во употреба, обука и поддршка. Нашиот тим, преку детална анализа на вашите потреби и идеи, ќе ви понуди комплетно решение за професионална кујна која работи по највисоки светски стандарди за квалитет, ефикасност, хигиена и безбедност.
Загарантирано најдобри во Македонија! Почнете го вашиот бизнис со значително помала инвестиција. Професионална опрема по неверојатни цени.
Резервните делови и сервисирањето се од исклучителна важност, за да бидете сигурни дека нема да имате застој во работата. Нашиот експедитивен и квалитетен сервис ви го гарантира тоа.
Fortis® опремата ги задоволува сите современи стандарди за квалитет, хигиена и контрола на критичните точки при производство и обработката на храната.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул.100 бр.126В, 1300 Куманово
Град: Куманово
Држава: Македонија