Filters
Пребарување
ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ АД

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ЕУРОЛИНК Осигурување – Заедно во секоја Ваша приказна!

- ДОМИ КОМПЛЕТ – станбено осигурување
- СЕМЕЈНА НЕЗГОДА – за целото семејство
- БИЗНИС КОМПЛЕТ – целосна заштита на бизнисите
- ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ – за безбедно патување
- Осигурување на МОТОРНИ ВОЗИЛА – автомобилска одговорност и каско
- Приватно семејно здравствено осигурување – за целото семејство
- Колективно приватно здравствено осигурување – за совесни работодавачи
- СМАРТ ЧОЈС – осигурување од професионална одговорност

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ АД

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ЕУРОЛИНК Осигурување

Осигурителната компанија ЕУРОЛИНК Осигурување е апсолутен лидер на македонскиот пазар на неживотно осигурување. Нашата стратегија е насочена кон градење поинаков пристап во осигурувањето за целосно задоволување на потребите на клиентите, формирајќи подобри понуди од постојните и нови осигурителни производи.

Обезбедувајќи најквалитетни услуги од доменот на осигурувањето, ние одговараме на потребите на пазарот на кој дејствуваме, со што им помагаме и на граѓаните и на компаниите да ја зголемат нивната сигурност, истовремено придонесувајќи и за добробитта на општеството во целост.

eurolink-clubeconomy

КУПЕТЕ ДОМИ КОМПЛЕТ ПОЛИСА - "ЗАТОА ШТО СЕКОМУ МОЖЕ ДА МУ СЕ СЛУЧИ"

Ова осигурување ја гарантира функционалноста на домот и обезбедува континуитет на комфорот на семејствата наспроти ризиците на кои тие секојдневно се изложени.

eurolink-clubeconomy

Семејно осигурување од последици на несреќен случај - незгода

Осигурувањето од последици на несреќен случај обезбедува надомест доколку поради несреќен случај настанат следните несакани последици:

  • • Смрт од несреќен случај – незгода

  • • Траен инвалидитет од несреќен случај – незгода

  • • Трошоци за лекување од несреќен случај – незгода

  • • Преодна спреченост за работа (дневен надомест) од несреќен случај – незгода

Кај одредени видови осигурување од незгода може да се осигура и ризикот смрт од болест, тешки болести, трошоци за спасување, смрт од сообраќајна незгода. Од незгода можете да се осигурате како поединец, како член на семејство и припадник на група.

Осигурувањето од незгода на Еуролинк Осигурување е територијално и временски неограничено и секој на возраст од 14 до 75 години возраст, без разлика на професија и занимање, може да стане наш осигуреник.

Oсигурeте го целото свое семејство

eurolink-clubeconomy

БИЗНИС КОМПЛЕT - "ЗА БИЗНИС СПАКУВАН ВО СИГУРНОСТ"

Пакетот БИЗНИС КОМПЛЕТ претставува сеопфатно осигурително решение за целосна заштита на вашиот бизнис.

eurolink-clubeconomy

ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА БЕЗБЕДНО ПАТУВАЊЕ

Со патничкото осигурување од ЕУРОЛИНК Осигурување добивате чувство на сигурност при патувањето и гаранција за максимален надомест за штета. Нашите осигурувања се изработени според светски стандарди и приспособени на вашите потреби.

eurolink-clubeconomy

МОТОРНИ ВОЗИЛА

ЕУРОЛИНК Осигурување ги нуди следниве видови осигурувања на моторни возила:

  • Осигурување автомобилска одговорност

  • Каско осигурувањe моторни возила

Со полисата од автомобилска одговорност можете да ги склучите следниве дополнителни осигурувања:

  • Дополнително каско осигурување - стакла од кршење

  • Осигурување од автомобилска одговорност за штети предизвикани на трети лица во странство - Зелена карта

  • Дополнителното осигурување - возач, патници и работници од последици на несреќен случај (незгода) за време на управување и возење со моторни и други возила

eurolink-clubeconomy

СЕМЕЈНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Грижата за здравјето и можноста за најквалитетно лечење во модерните здравствени установи се на првото место на приоритети во животот.
Здравјето е сè во животот и без здравјето сè друго е ништо.

Затоа го препорачуваме нашиот најнов продукт за приватно здравствено осигурување СЕМЕЈНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ со кој се овоможува здравствена заштита на целото семејство во најпознатите, најдобрите и најмодерните приватни здравствени установи во Република Македонија (Клиника Жан Митрев, Ремедика, Аџибадем Систина, Санте Плус, Систина Офталмологија, Плодност - Битола, Неуромедика, Специјалната очна болница „Деница“, ПЗУ Поликлиника Дента ЕС, ПЗУ Дентизар - Специјалистичка ординација по стоматолошка протетика, Стоматолошка ординација Круна МС, Медикал центар Промедика, Приватна здравствена установа-ординација за општа стоматологија и специјалистичка по орална хирургија Дентин - Скопје,Приватна здравствена установа д-р Благоевски, Приватна здравствена установа - специјалистичка ординација по ортодонција д-р Маргита Смилева, Приватна здравствена установа - специјалистичка ординација по кардиологија КАРДИОЛОГИЈА ПРИМА - Скопје и др.) и во Европа, без ограничување и по избор на клиентот.

eurolink-clubeconomy

ПРИВАТНО КОЛЕКТИВНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Основата на секој бизнис се здрави и задоволни вработени.
Обезбедете здравствена заштита за вашите вработени каква што заслужуваат! Тука сме да ви помогнеме да го остварите тоа со нашата полиса за приватно здравствено осигурување со која се гарантира професионална и стручна грижа во најпрестижните приватни здравствени установи во Македонија.

eurolink-clubeconomy

СМАРТ ЧОЈС – ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПРОФЕСИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ

Сите правни субјекти на пазарот се подеднакво одговорни спрема субјектите со кои остваруваат деловен однос, како и спрема трети лица ,  доколку, вршејќи ја својатадејност, предизвикаат штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на имотот на трето лице или предизвикаат финансиски загуби.

Ако ризиците во работењето, во крајна линија, не можеме секогаш да ги избегнеме, нивните економски последици секако можеме. Затоа постои осигурувањето од одговорноста, општа и професионална, преку кое осигурувачот ги презема вашите обврски за надомест на причинетата штета.

eurolink-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Пиринска бр. 23, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/3289 301

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи

приватно семејно здравствено осигурување

приватно семејно здравствено осигурување

Преземи
семејно осигурување од последици на несреќен случај – НЕЗГОДА

семејно осигурување од последици на несреќен случај – НЕЗГОДА

Преземи
ДОМИ Комплет полисата за станбено осигурување

ДОМИ Комплет полисата за станбено осигурување

Преземи