Filters
Пребарување
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел се занимава со:

- Производство на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од брендовите ALUPLAST и PROFILINK
- Генерален застапник за ПВЦ профилот PROFILINK, од европско производство, продажба од лагер

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД

Компанијата ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел од Прилеп повеќе од една деценија успешно работи и произведува висококвалитетна градежна столарија. Првите десет години се занимававме со производство на термопан стакло за градежна столарија, сегмент во кој се уште сме присутни и со успех ги следиме сите светски достигнувања, особено кога станува збор за подобрување на енергетската ефикасност. Во последните шест години ја проширивме дејноста и се занимаваме и со производтвсто на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од брендовите ALUPLAST и PROFILINK.

euro-glas-trejd-clubeconomy
euro-glas-trejd-clubeconomy

КВАЛИТЕТ И ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел постојано ги следи најновите технички достигнувања во доменот на градежната столарија и е во чекор со светските трендови. Располагаме со современа технологија за изработка  на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од познатите брендови за профили ALUPLAST и PROFILINK, а во сегментот на застаклувањето произведуваме термопан стакла со два и три слоја стакло, исполнети со аргон, а доколку тоа го бараат клиентите и со четирисезонска заштита.

Последниве неколку години на пазарот сме познати и по ПВЦ профилот PROFILINK, со 5 и со 6 комори, за кој сме генерални застапници на македонскиот пазар. Ова се профили од најновата генерација, од европско производство, а во ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД во секој момент имаме значајни количества на лагер.

ЦВРСТИНА, ИЗОЛАЦИЈА, ДОЛГОТРАЈНОСТ

За сите вработени на ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД, кога е во прашање производството на градежна столарија, како и на стаклото за застаклување, квалитетот и задоволството на клиентите се секогаш на прво место. За сите прозорци и вратите што ги произведуваме обезбедуваме бесплатна максимално стручна монтажа, со што го заокружуваме процесот за гарантирање на нивната долготрајност. Сите производи од ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ги задоволуваат најстрогите стандарди за цврстина, издржливост, функционалност и енергетска ефикасност.

Наша цел е да ги задоволиме вашите барања со професионални и модерни решенија!

euro-glas-trejd-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Орде Чопела ББ, 7500 Прилеп,
Ул. Гога Димитриоски бр. 11, Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)78/363 775

Социјални медиуми

Лице за контакт

Љупче Ѓелев


Мапа