Filters
Пребарување
ЕМША ШПЕД

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ГИ НАДМИНУВАМЕ ВАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА ВО ТРАНСПОРТНИ РЕШЕНИЈА!

ПОДАЛЕКУ. ПОБРЗО. ПОБЕЗБЕДНО. 

ЕМША ШПЕД е голема транспортна компанија која поседува повеќе од 200 камиони и нуди логистички и транспортни услуги на партнери од Македонија, од соседните земји и од цела Европа

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2015

Подетално за компанијата

ЕМША ШПЕД дооел од Неготино е транспортна компанија која има повеќе од 200 камиони и нуди логистички и транспортни услуги на партнери од Македонија, од соседните земји и од цела Европа. Главната дејност на компанијата е транспорт на секаков вид стоки. Располагаме со секаков вид на камиони и тоа: камиони влекачи, влекачи со приколка, мега камиони кои може да се поврзат со обични и мега приколки, троосовински камиони за транспорт на стоки потешки од вообичаените утовари (27-30 тони)...

emsa-sped-clubeconomy
emsa-sped-clubeconomy

Нашите камиони вршат транспорт на стоки од и до сите држави во Европа: Шведска, Данска, Норвешка, Финска, Германија, Холандија, Белгија, Австрија, Италија, Шпанија, Португалија, Велика Британија... Нудиме можност за соработка со сите транспортни фирми кои поседуваат возила со CEMT дозволи или се во сопственост на фирма регистрирана во земја членка на ЕУ за вршење на транспорт на добра во земји во ЕУ, на неопределен рок, врз основа на склучен договор со ЕМША ШПЕД.

Работата извршена од нас мора да биде на високо професионално ниво, нашите камиони и сите други камиони кои работат за нас, се комплетно опремени со ADR сертификати, сите возила поседуваат ADR дозволи. Посебно се грижиме за безбедноста на стоките коишто ги превезуваме, па така сите камиони во сопственост на ЕМША ШПЕД поседуваат CMR осигурување издадено од престижна австриска осигурителна компанија. Истата можност за осигурување им ја нудиме на сите превозници коишто работат за ЕМША ШПЕД, на кој начин гарантираме комплетна безбедност како за стоките, така и за самиот транспортер.

emsa-sped-clubeconomy
emsa-sped-clubeconomy

Вашите стоки можете комплетно да ни ги доверите, ние гарантираме целосна безбедност. Бидете сигурни дека Вашите стоки ќе биде товарени и истоварени од истиот возач, под целосна негова одговорност.

Во моментот работиме со повеќе од 200 камиони (стандард, мега, троосовинци…) на најразлични релации. Сите камиони поседуваат GPS навигации, со цел да обезбедиме навремено, одговорно и предвреме испланирано доставување на стоките што се транспортираат.

Компанијата ЕМША ШПЕД дооел е основана 1999 година од страна на сегашниот сопственик, Г-дин Марјан Емшов. Уште еден доказ за нашата долгогодишна и успешна работа е тоа што во периодот од 2011 до 2019 година бевме рангирани меѓу 200-те најголеми и најуспешни компании во Македонија, врз основа на финансиските податоци од Централен регистар на Македонија.

emsa-sped-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Индустриска бр. 14, 1440 Неготино
Град: Неготино
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)43/371 999

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа