Filters
Пребарување
ЕКО ЗРНО дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ЕКО ЗРНО се занимава со:

- Преработка на ориз и производство на бел, интегрален и кршен ориз и оризова лушпа
- Производство на пченично брашно Т400, Т500, оризово брашно и сточна храна
- Сопствено производство и откуп на оризова арпа, пченица, пченка

СЕРТИФИКАТИ

HACCP

Подетално за компанијата

Компанијата ЕКО ЗРНО дооел од Кочани се занимава со преработка на ориз и производство на бел, интегрален и кршен ориз. Располагаме со современа фабрика за преработка на оризова арпа, што заедно со квалитетната суровина, ни овозможува на пазарот да пласираме ориз со врвен квалитет. При преработката на оризот како нус производ добиваме и оризова лушпа. Втората фабрика која ја има ЕКО ЗРНО е за производство на пченично брашно од Т400 и Т500, потоа оризово брашно и сточна храна.

eko-zrno-clubeconomy
eko-zrno-clubeconomy

Компанијата ЕКО ЗРНО се простира на површина од 6.000 м². За непречено изведување на целиот производен процес, пред неколку години монтиравме силоси со капацитет од 1.000 тони и сушара со капацитет од 50 тони за 24 часа. Особено сме горди на најсовремена СОРТЕКС машина, која, исто така, ја набавивме пред неколку години.

Фирмата ЕКО ЗРНО на македонскиот пазар е присутна од 2008 година. Денес имаме дваесетина вработени, а покрај преработката на ориз и производството на брашно се занимаваме и со сопствено производство и со откуп на оризова арпа, пченица и пченка.

eko-zrno-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Маршал Тито бр. 1 - Спанчево, Чешиново-Облешево, 2300 Кочани
Град: Кочани
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)75/365 533

Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-дин Игорчо


Мапа