Дневни соби →Подетално за компанијата
Фирмата веќе подог период се занимава со производство на мебел и опремување на секаков вид објекти, со користење на квалитетни материјали и следење на најновите светски трендови во дизајнирањето на мебел и ентериери. ДРВОДЕКОР ЕНТЕРИЕРИ е технички и кадровски опремена да испорача целосна услуга, од проектирање на ентериерот според вашите желби, решенија за деталите, производството на мебелот во сопствен производствен погон, негова монтажа и опремување на објекттот во целина.
За да знаете како на крајот ќе изгледа вашиот дом уште пред да почнеме со работата, опремени сме сите замисли и желби да ги имплементираме во спецјална програма 3D MAX, што ќе ви помогне да го направите изборот и да ја донесете одлуката. За тимот на ДРВОДЕКОР ЕНТЕРИЕРИ секој проект е посебен предизвик, што ни помага да ви го понудиме најфункционалното, најекономичното и најубавото решение за вашиот дом или друг објект, дизајнирано според трендовски и безвременски модни детали.
Салонот на ДРВОДЕКОР ЕНТЕРИЕРИ е со широк асортиман на производи потребни за секој дом, а покрај мебелот што ние го произведуваме, во него можете да најдете и тапациран мебел од македонски производители, теписи и теписони од Белгија и Турција, завеси, бела техника... Посебна програма ни е продажбата и монтажата на венецијан ролетни, вариолаит завеси и ПВЦ ролетни.
ПРОИЗВОДНА ПРОГРАМА
Дневни соби
Спални соби
Детски соби
Кујни
Плакари
Комоди
Tрпезариски и клуб маси
Клуб гарнитури
Дрво Декор Ексклузив
Изработката на мебел по мерка претставува идеално решение за оние кои сакаат функционалност, квалитет и уникатен дизајн во својот дом или деловен простор.
Дрво Декор Ексклузив е синоним за врвен квалитет, прецизност и уникатен дизајн во изработката на мебел по мерка. Со долгогодишно искуство и посветен тим, компанијата нуди решенија кои совршено се вклопуваат во секој простор.
Секое парче мебел е изработено со внимание на деталите, користејќи внимателно избрани материјали и современи техники.
Мебелот по мерка не е само практичен избор, туку е и начин како да го изразите вашиот личен вкус и стил.




Контакт информации
Адреса
Улица: Населба Стар Караорман, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија
