Filters
Пребарување
СТОМАТОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА ДИЛЕВСКИ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Стоматолошка ординација и рентген панорамикс кабинет

СТОМАТОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА ДИЛЕВСКИ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ОСНОВАНА ВО 1992 ГОДИНА

Стоматолошката ординација ДИЛЕВСКИ е една од првите приватни ординации во Македонија. Основана од Д-р Славе Дилевски – Специјалист по болести на уста и заби, еден од доајените на современата стоматологија во Македонија, кој своето долгогодишно клиничко искуство и работа како врвен доктор во регионот во областа на стоматологијата ги примени како основи во работата на ова здравствена установа. Долгогодишната традиција и огромното искуство на докторите во ординацијата гарантираат високо стручно, безбедно и современо лекување и превенција на болестите на устата и забите. Тоа го потврдува и големиот број постојани пациенти кои ги стекнавме во нашeтo 26 годишно работење. Наша водечка цел се задоволни, здрави и насмеани паценти.

dilevski-stomatoloska-ordinacija-clubeconomy

Спец. Д-р. Славе Дилевски
Специјалист по болести на уста и заби

КВАЛИТЕТ НА УСЛУГИТЕ

Во стоматолошката ординација ДИЛЕВСКИ посебно внимание се посветува на квалитетот на услугите и континуираното усовршување на стручниот и техничкиот тим. Секогаш употребуваме квалитетни и современи материјали, а тимот професионално се надградува, следејќи ги релевантните стоматолошки конгреси и стручни собири.

dilevski-stomatoloska-ordinacija-clubeconomy
dilevski-stomatoloska-ordinacija-clubeconomy

СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ И ОПРЕМА

Ординацијата ДИЛЕВСКИ во своето повеќедецениско постоење ја наметнува својата компетентност и стручност во работењето, издигнувајќи ја истовремено на највисоко ниво грижата за пациентите и нивното орално здравје. Приоритет на ординацијата е обезбдување максимална грижа за оралното здравје, убава и ведра насмевка кај нашите пациенти, притоа следејќи ги најсовремените трендови и методи на лекување во стоматологијата. Здравствената установа е современо опремена и беспрекорно ги исполнува сите технички и хигиенски стандарди.

dilevski-stomatoloska-ordinacija-clubeconomy

Спец. Д-р. Владимир Дилевски
Специјалист по ортодонција

dilevski-stomatoloska-ordinacija-clubeconomy

Д-р. Дијана Николовска
Доктор по стоматологија

Стоматолошката ординација ги нуди следните услуги:

Детска и превентивна стоматологија

• Рано дијагностицирање и превенција на кариес

• Рано дијагностицирање и превенција на забно-вилични аномалии

• Лекување на кариозни лезии и пулпини заболувања кај млечни заби

• Превентивно заливање на забни фисури.

• Флуоризација на заби

 
Општа стоматологија

• РТГ дијагностика и панорамско снимање на заби

• Пломбирање и лекување на заби

• Лекување на пулпини заболувања и периодонтити

• Лекување на пародонтот (потпорниот апарат на забот)

• Ласерски третмани

• Чистење на забен камен со ултразвук и обработка на парадонтален џеб, воздушно полирање (пескарење на заби)

• Ласерко избелување на заби

• Третман на пародонтопатија

• Максимално естетскаи функционална реставрација на изгубената забна супстанца

• Разни естетски корекции

• Затварање на дијастеми

• Максимално естетски композитни фасети

dilevski-stomatoloska-ordinacija-clubeconomy
dilevski-stomatoloska-ordinacija-clubeconomy

Специјалистичка стоматологија

• -Орално-хируршки интервенции (Имплантологија)

• Екстракција на заби

• Гингивектомија

• Имплантологија

Протетски изработки по најсовермена технлогија

• Порцелански коронки и мостови

• Инлеи

• Онлеи

• Порцелански пломби

• Порцелански фасети (ламинати)

• Безметална керамика (CAD-CAM компјутерски дизајнирани и изработени коронки и мостови со врвна естетика)

• Коронки и мостови на имплантати

• Протези (парцијални,тотални и визил протези)

• Разни зглобни врски

• Атечмени

Згрижување на забно вилични аномалии

• Фиксни и мобилни апарати

• Лингвална техника

• Порцелански и самолегирачки брикети

• Алајнери (Невидливи корективни фолии)

• Разни нагризни фолии

• Миофункционални апарати

Во Ординацијата ДИЛЕВСКИ може да се добијат совети и препораки за одржување на оралното здравје и хигиена, преку повремени повикувања на пациентите на контролни прегледи, како и бесплатни прегледи на пациентите кои прв пат ја посетуваат здравствената установа. Остануваме посветени на нашата работа, верни на нашите пациенти и подготвени да излеземе во пресрет за решавање на било какви проблеми и предизвици поврзани со вашето орално здравје!

dilevski-stomatoloska-ordinacija-clubeconomy
СЕКОГАШ СО ВАС – Ординација Дилевски
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Киро Крстевски Платник бр. 18,
1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

СПЕЦИЈАЛИСТ ДР. ВЛАДИМИР ДИЛЕВСКИ (Ортодонт)


Мапа

Документи