Подетално за компанијата
ДЕКО-МЕТА
Кон крајот на 2003 година, основната дејност започнавме да ја развиваме во гаражен простор од 40м2. Со зголемување на работните задачи, покрај вршењето на производствени услуги за своите клиенти, започнавме со производство на сопствени производи.
Со постепено надоградување во современа производствена опрема, со долгогодишна работа и труд, изградивме модерна метало прерапотувачка компанија, која од 2017 година се премести во нов производствен простор од 800м2 и 300м2 магацински простор.
Електростатско пластифицирање
За подобрување на квалитетот, изградивме сопствена линија за одмастување на метални елементи. Денес располагаме со две печки за електостатско пластифицирање (3000х1500х2000; 4000х1500х2500мм) и широк спектар на бои, за задоволување на желбите на клиентите.
Метална галантерија
Вршиме производство на широка палета на метална галантерија (Метални ормари, ормари за регистри, гардеробери, метални сталажи за супер маркети или деловни простори, поштенски сандачиња, и сл.)
Се залагаме за континуирано подобрување на квалитетот на веќе постоечките сопствените производи и создавање на други, со цел освојување на нови домашни и странски пазари.
Вршење услуги на CNC PUNCH PRESS
Од 2018 година располагаме со CNC PUNCH PRESS, при што на клиентите им нудите услуга со поголема прецизност за краток временски период. Вршиме обработка на лимови до 3мм дебелина.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Боца Иваноска бр. 16, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија