Filters
Пребарување
ДАВКА

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ДАВКА се занимава со опремување на училишта, детски градинки, дневни центри за деца, едукативни центри, игротеки… со:

- Училишно-спортски помагала
- Инвентар
- Мебел
- Подна подлога ТАТАМА
- Интерактивни уреди ( интерактивна табла и интерактивен панел )

Книжарница и фотокопирница ДАВКА

 

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Детски градинки, дневни центри за деца, едукативни центри, игротеки…

 

Интерактивна табла 83“

Софтвер на македонски и албански јазик
 
Дознај повеќе
 

Подетално за компанијата

ДАВКА

Основна дејност на компанијата ДАВКА е опремување на училишта со училишно-спортски помагала, детски градинки, дневни центри за деца, едукативни центри, игротеки, домови за стари лица …, како и продажба на книги, учебници, училишен прибор, канцелариски катеријали, училишен и канцелариски мебел.

Нудиме најсовремени модели на наставни помагала и реквизити за олеснување на наставата и подобра едукација на учениците, како и најсовремени иновативни методи на учење за подигање на нивото во образованието, со привлекување на вниманието на учениците и поттикнување на инспирацијата за проширување на нивното знаење.

davka-clubeconomy
davka-clubeconomy

За нас

Нашата фирма е формирана 1992 год .

Основна дејност е опремување на училишта со училишно-спортски помагала, детски градинки, дневни центри за деца, едукативни центри, игротеки…

Повеќе од 25 години се грижиме за нашите муштерии да го добијат најдоброто за нив.

Нудиме најсовремени модели, наставни помагала и потребни реквизити за олеснување на наставата, подобра едукација на учениците и најсовремени иновативни методи на учење за подигање на нивото во образованието, со привлекување на вниманието на учениците и инспирација за проширување на нивното знаење.

ПРОЕКТИ

Поголеми проекти кои ги реализираше ДАВКА:

- Опремување на 250 основни училишта преку проектот Модернизација на образованието 2 фаза, склучен со Министерството за образование, во септември 2010 година.

- Опремување на кабинетот за нега на болен за медицинското училиште во Штип, кој беше донација од јапонската влада.

- Опремување на музичкиот кабинет и целиот инвентар во библиотеката на гимназијата во Кочани, што беше донација од USAID.

- Целосно опремување со клупи и столчиња на средното фискултурно училиште “М. М Брицо” од Скопје, преку Министерството за образование.

- Склучени се повеќе од 250 договори за набавка на наставни помагала за проектот „Модернизација на образованието”.

- Склучени се десетина договори со Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, за набавка на нагледни средства.

davka-clubeconomy

КАТЕГОРИИ НА ПРОИЗВОДИ

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Широк дол бр. 40, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Сашо Давков


Мапа