Filters
Пребарување
КОМПАНИ ЛД

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

КОМПАНИЈА ЛД се занимава со производство и продажба на работна и заштитна облека и обувки

Подетално за компанијата

Претпријатието КОМПАНИЈА ЛД дооел од Штип се занимава со производство и продажба на работна и заштитна облека и обувки, како и со продажба на широка палета на ХТЗ опрема. Произведуваме најразлични работни и ХТЗ одела, дуксери, блузи, обични и поло мајци, панталони, јакни, мантили и многу други производи, во различни бои, од најквалитетен памук и други материјали.

ld-company-clubeconomy

Посебно внимаваме на кројот и на изработката за да може облеката да биде удобна за носење и за работа. Првенствено работиме за познат купувач, односно по нарачка, без разлика дали станува збор за краен корисник или за трговска компанија. Облеката може да биде изработена со печатено или везено лого или, пак, без лого, во зависност од желбите на клиентите. Воедно, даваме и услуги за печатење и везење на лого на облека која што не сме ја произвеле.

КОМПАНИЈА ЛД може да произведе работна и заштитна облека според дизајн и мерки на нарачателот, како и избор на материјалот, боите и моделите на облеката.

ld-company-clubeconomy
Квалитетот на материјалот и изработката е гарантиран од КОМПАНИЈА ЛД.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Крушевска република бр. 101, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт